Ребалансот ги скрати непродуктивните трошоци, но и дел од капиталните инвестиции
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Новата Влада објави дека годинава ќе се потрошат вкупно 3,3 милијарди евра, што е за 47 милиони евра помалку отколку во првичниот Буџет. Со ребалансот што властите го усвоија на седница во петокот, се предвидува приходите во државната каса да изнесуваат точно 3 милијарди евра, а буџетскиот дефицит останува на истото ниво од околу 302 милиони евра, што е 3% од бруто домашниот производ.

По одредени ставки, се забележува кратење на парите за стоки и услуги, за 32,5 милиони евра и за капиталните инвестиции, каде што има намалување од 57,6 милиони евра. Објаснувањето на властите е дека капиталните инвестиции биле проектирани на нереално високо ниво.

Во исто време, пак, се зголемуваат буџетите за социјални трансфери и субвенции.

Властите објаснија дека главниот рез е направен кај непродуктивните трошења за патувања, репрезентации, економски промоции, рекламирања, набавка на мебел, возила а според владата со буџетот ќе се обезбеди стабилно финансирање на 2017 година.

По одредени сектори, владата предводена од Заев реши повеќе пари да одвои за здравство, социјала, економија и МНР, додека пак скрати во централниот буџет на министерствата за одбраната, образование, финансии, полицијата, правда, транспорт и земјоделие.

Со ребалансот, се опфатени неколку мерки што ги најавија властите во првите недели, а тоа е укинувањето на радиодифузната такса со што се предвидува сума од околу 3,25 милиони евра за субвенционирање на јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија. Исто така, превидени се и пари за поддршка на фирмите за зголемување на минималната плата на 12 илјади денари од септември годинава, пари за решавање на проблемот со стечајците.

Премиерот Заев најави дека 9 милиони евра ќе им бидат на располагање на младите како поддршка за нови вработувања преку проектот „Гаранција за млади“, околу 2,2 милиони евра како поддршка за мали и средни претпријатија и поттикнување на домашни гринфилд инвестиции. „Тоа значи, штом ќе се донесе ребалансот на буџетот, условите што важеа за странските компании, од истиот момент ќе важат и за домашните компании“, истакна Заев.

Според него, властите досега утврдиле скриен долг кон стопанството од околу 400 милиони евра, и рече дека се очекува оваа бројка и понатаму да се зголемува.

„Рековме дека парите ќе одат кај граѓаните, дека ќе растат платите, дека ќе ги поддржиме домашните претпријатија за нови работни места. Еве не со вистинска реформа со која создаваме услови за нови финансиски и економски политики, нови политики кои живот значат, живот за сите во Македонија“, изјави Заев.

Ребалансот на буџетот е направен на проекција на економски раст од 2,2%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×