Речиси половина милијарда евра за пензии ќе се префрлат од државниот буџет
Објавено на од во COVER STORY

pensionerВладата разгледува неколку реформи на пензискиот систем

Вкупно 878 милиони евра годинава е планирано да се потрошат за исплата на пензиите, а дури 475,8 милиони евра односно 54% од нив ќе се префрлат до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од централниот буџет бидејќи приходите од придонеси не се доволни. Во споредба со лани, бројките покажуваат дека зависноста од на исплатата на пензиите од централниот буџет продолжува да расте.Меѓународните финансиски институции како ММФ и Светска банка во своите последни извештаи предупредија дека дефицитот во Фондот за пензиско осигурување е прилично голем со тенденција да расте и сугерираа властите да спроведат структурни реформи за да се надмине овој проблем – зголемување на законската возраст за пензионирање, покачување на пензиите колку што изнесуваат трошоците на живот, спроведување реформи за зголемување на учеството на работната сила, и разгледување на можно зголемување на стапките на придонеси. Од Владата велат дека веќе ги разгледуваат овие алтернативи но засега се уште нема конкретен предлог за реформирање на пензискиот систем.

 

Вкупно 878 милиони евра годинава е планирано да се потрошат за исплата на пензиите, а дури 475,8 милиони евра односно 54% од нив ќе се префрлат до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од централниот буџет бидејќи приходите од придонеси не се доволни. Во споредба со лани, бројките покажуваат дека зависноста од на исплатата на пензиите од централниот буџет продолжува да расте.

Меѓународните финансиски институции како ММФ и Светска банка во своите последни извештаи предупредија дека дефицитот во Фондот за пензиско осигурување е прилично голем со тенденција да расте и сугерираа властите да спроведат структурни реформи за да се надмине овој проблем.

„Без реформи и со намалувањето на работоспособното население, пензискиот дефицит се проектира двојно повеќе да се зголеми до 2030 година“, предупреди ММФ. Во својата последна анализа за македонската економија, монетарците предупредија дека јавните финансии се соочуваат со долгорочните предизвици поради стареењето на населението.

„Дефицитот на пензискиот фонд на Република Македонија од 4,5% од БДП е прилично голем. Ова е одраз на релативно големите поволности, ниските стапки на придонеси и ниското учество на работната сила“, пишува во еден од извештаите на ММФ и во продолжение ги охрабрува властите да ги разгледаат следните опции како средства за да се обезбеди долгорочна одржливост на пензискиот систем.

„Зголемување на законската возраст за пензионирање со оглед на големиот јаз во однос на просекот во ЕУ; ревидирање на индексацијата според индексот на цените на трошоци на живот во согласност со многуте земји во ЕУ; спроведување реформи за зголемување на учеството на работната сила, особено на жените (кое е едно од најниските во Европа), и разгледување на можно зголемување на стапките на придонеси, доколку одржливоста не е обезбедена преку други мерки“, сугерира ММФ.

д Светска банка неодамна, исто така и сугерираа на Владата да ги одложи ад хок зголемувањата на пензиите, што во изминатите години создало притисок на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

„Моментално Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во добра кондиција и добива трансфери од централната власт, кои се зголемуваат со тек на годините. Целта е да се намали зависноста на пензискиот фонд од тие трансфери. Ние работиме на параметарски измени во законската регулатива кои ќе ги намалат тие притисоци“, изјави неодамна економистот на Светска банка, Бојан Шимбов.

На прашањето дали во измените на регулативата може да влезе и делот за зголемување на старосната граница за пензионирање, Шимбов истакна дека  на пензиите работи конкретен специјалист и дека анализата за измените е во тек.

09 penzОд Владата велат дека веќе ги разгледуваат овие алтернативи но засега се уште нема конкретен предлог за реформирање на пензискиот систем. Работна група составена од владини претставници и странски експерти работат на законски измени, но како што информираат владини извори, реформата нема да се спроведува преку ноќ, туку ќе има широка јавна дебата.

Засега, со законски измени стопирано е намалување на социјалните придонеси на 18%, иако беше предвидено во 2018 година да се намалат на 17,5%.

Загрижувачки е што врската меѓу државниот буџет и пензискиот фонд со текот на годините станува поцврста и нераскинлива. Во 2009 година на пример, со трансфери од буџетот се покриваа 33,9% од трошоците на Фондот за пензиско осигурување.

Финансиската кондиција на пензискиот фонд почна да се влошува од 2008 година наваму откако властите одлучија да ја намалат стапката на придонес за пензиско осигурување од 21,2% од основицата, на 18% колку што е и денес. Аналитичарите велат дека намалените придонеси не обезбедија поголеми приходи од придонеси преку поттикнување на вработеноста туку креираа поголем дефицит во пензискиот фонд.

Експертите објаснуваат дека решенијата што ги предлага и ММФ, а тоа се зголемување на стапката на придонес за пензиско осигурување, или пак подигнување на старосната граница за пензионирање, мора да се применат за да се подобри финансиската кондиција на пензискиот фонд. Овие мерки се непопуларни за спроведување, меѓутоа, експертите се децидни дека пензискиот систем ќе мора повторно да се реформира.

„Одржливоста на првиот пензиски столб, односно државниот фонд станува невозможна. Штом трансферите од државниот буџет до Фондот постојано се зголемуваат и веќе надминуваат 50% од трошоците за пензии, очигледно ќе мора да се применат непопуларни решенија како на пример зголемување на стапката на придонес. Нормално дека на ваквата одлука би се противел приватниот сектор, но тоа станува неизбежно решение“, велат експертите.

Загрижувачки ревизорски извештај за финансиската кондиција на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување објави и Државниот завод за ревизија во 2016 година. Неповолната финансиска состојба во Фондот според ревизорите се должи на неостварените проекции за зголемување на вработеноста, како и неостварените проекции за пораст на платите. Според податоците во извештајот, загрижувачки е податокот дека дупката во буџетската каса на Фондот секоја година се повеќе се продлабочува.

„На финансиското работење на Фондот влијание имаше намалување на стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување како и неостварените макроекономски индикатори за зголемување на вработеноста и порастот на платите на вработените кои имаат директно влијание врз остварувањето на приходите од придонесите“, стои во извештајот на ревизорите.

Ревизијата забележува дека од година во година се повеќе расте дупката во буџетот на Фондот, која мора да се покрива со пари од централниот буџет. Особено е за истакнување, велат ревизорите, дека висината на дефицитот во буџетската каса на Фондот има тренд на зголемување секоја година.

При тоа, ревизорите предупредуваат дека постои можност и од натамошно продлабочување на дупката во буџетската каса во Фондот.

Невработеноста дополнителен проблем

Дополнителни проблеми за македонскиот пензиски систем создава и фактот што невработеноста во земјава е висока, има голема неформална вработеност, односно луѓе на кои што не им се плаќаат социјални придонеси на целата плата, а и иселувањето на младите кои што би требало да придонесуваат во пензискиот фонд, исто така влијае на продлабочување на дефицитот.

Од друга страна, најголем дел од работните места кои се отворија во земјава во изминативе неколку години беа во фабриките на странските инвеститори, за кои половина од платите, односно придонесите и персоналниот данок се покриваат од државниот буџет, и за нив не се уплатуваа приходи во Фондот за ПИОМ. Една неодамнешна анализа на Светската банка покажа дека дури 89% од новокреираните работни места во изминатите неколку години во Македонија се со фискален стимул, односно  работодавецот е ослободен од плаќање на социјални придонеси и слични давачки, што значи помалку приливи до Фондот за пензиско и поголем недостиг на пари за исплаќање на тековните пензии.

Македонија не е единствена земја која се соочува со проблеми во пензискиот систем. Дел од земјите во Источна Европа кои што со пензиските реформи воведоа втор столб, наголемо дебатираат за иднината на приватните пензиски фондови, од предлози за нивна национализација, до намалување на уделот од придонесите што го добиваат, па до суспендирање на уплатата на придонеси во приватните пензиски фондови во период од неколку години и слично. Лошите демографски трендови, односно се поголемото иселување на лица кои се во работоспособна возраст дополнително ја зголемува дупката во пензиските системи.

Експертите посочуваат дека се потребни итни реформи и дека креаторите на политиките мора да размислуваат како да ги зголемат приходите во пензискиот фонд, бидејќи ситуацијата е финансиски неодржлива.

Ако се споредува што прават соседните земји за да се справат со проблемите во пензискиот систем, тогаш Македонија ќе мора во следните неколку години да посегне и по непопуларни мерки од типот на зголемување на стапката на пензиски придонес и поместување старосната граница на пензионирање, мерки кои финансиски би го растовариле Фондот во иднина.

Pensions / savings conceptПензија за сите – нова мерка на Владата

Една од новите мерки во пензискиот систем што ги предлага новата Влада, а која што не е во насока на растоварување на Фондот за ПИОМ туку напротив, е воведување на социјална пензија за граѓаните што имаат наполнето 65 години а сепак не исполнуваат услови да за земаат пензија. Услов за оваа социјална пензија, што се очекува да изнесува околу 100 евра, односно 40% од просечната пензија во земјава, е граѓаните да немаат никакви други приходи.

Од Владата велат дека се работи на проектот, односно се утврдува бројот на луѓето кои би добиле државна социјална пензија, за да се процени фискалното оптоварување врз државната каса. Првите сознанија се дека не станува збор за преголем број луѓе.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев, во изјава за медиумите потврди дека воведувањето пензија за сите возрасни граѓани нема да претставува големо оптоварување за буџетот.

„Сведоци сме дека многу пари од Буџетот биле ненаменски трошени. Мислам дека со малку пари од Буџетот ќе се решат проблеми на голем број од граѓаните кои се од повозрасните генерации, а притоа не остваруваат никакви приходи. Така што само со замена на парите за еден споменик, повозрасните би добиле надомест и попристоен живот“, рече Анѓушев.

Сепак, првата верзија на законското решение нема да може да се подготви до средината на годината, а најреално е да се очекува овој закон да профункционира до крајот на годината.

Ова ветување беше дел и од изборната програма на СДСМ „План за живот во Македонија“, а е дел и од Програмата за работа на Владата за период 2017-2020.

„Ќе воведеме државна социјална пензија за секое лице над 65 години старост кое во последните 20 години живеело на територијата на Република Македонија и не ги остварува условите за старосна пензија. Таквите лица ќе имаат право на државна пензија. Државната социјална пензија, на почетокот, ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија“, пишува во изборната програма на СДСМ за предвремените парламентарни избори во декември 2016.

Претставници на синдикалните здруженија ја оценија мерката како добра.

„Станува збор за позитивен закон кој ќе значи решение за голем број граѓани. Сепак, ние како синдикат бараме да не се одолговлекува примената на законското решение. Планот е да се изработи до крајот на 2018, но сакаме да се најде начин и да е обезбедат средства за тој да стартува со примена порано“, истакна за медиумите Пеце Ристевски претседател на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство.

Дел од економистите пак велат дека иако е наречена социјална пензија, оваа мерка треба да биде дел од ставката социјална помош во буџетот, а не од фондот за ПИОМ. Некои од нив предупредуваат и од можни несакани ефекти во делот на сивата економија.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×