Рецесијата како корекција! Каде е тука Македонија?

Македонската економија во ваков турбулентен период има повеќе потенцијал отколку закана, но се зависи од која страна се гледа ситуацијата. Многу од ефектите од глобалната економија се пренесуваат и во локалната, особено што е високо увозно зависна од енергенси и голем број на производи. И во Македонија цените на недвижностите, финансиските инструменти (иако акциите бележат стагнантна 2025-та година) и цените на најголем дел од производите и услугите имаат енормен раст во последните 4 години исто како и во поголем дел од државите на ЕУ. Очекувано е дека овој “меур” ќе придонесе за нов циклус, односно нова рецесија, без разлика дали таа ќе биде во следните 6 месеци или во следните 5 години.

Автор: Сергеј Зафироски

Од 2020-та со почетокот на здравствената криза предизвикана од КОВИД-19, па до денес, светот живее во исклучително нестабилен период. За времетраење на здравствената криза, се “вбризга” голема количина на готовина без покритие во економиите, што во комбинација со енергетската криза во 2021 и 2022 се предизвика висока инфлација и нестабилност која трае до денес, после 6 години.

Тековната 2026-та година се започна со нова војна на Блискиот Исток, која се заканува да предизвика уште поголема енергетска криза. Паралелно, имаме нарушени дипломатски односи, вооружени конфликти и зголемување на протекционистичката политика под изговорот дека претставува спас за домашните економии. Сето тоа има влијание на бизнисот, но многу малку придонесува за развој на бизнисот. Тоа што е интересно е дека на крајот одговорноста за поголем дел од проблемите во економијата, под изговорот дека “пазарот е нефункционален” и “компаниите само гледаат на профитот”.

Се изоставува тоа дека во капиталистичко општество и пазарна економија нештата се потпираат на концептите за приватна сопственост и профит. Не може да се “осудат” компаниите дека остваруваат профит, кога тоа е основната нивна цел за постоење. Непрофитабилни компании, водат до нефункционална економија, а тоа води кон многу поголеми проблеми. Тоа што е уште поинтересно, е дека државната регулацијата која што се наметнува на пазарот приближно не се квалификува како предизвикувач на таа нерегуларност, туку напротив се бара како потреба за наметнување на рамнотежа што воопшто не е тоа. Реалниот бизнис, а со тоа и економијата во целина, бара начин како да навигира помеѓу лавиринтот од предизвици и се почесто нема решение.

Нормалноста на економскиот циклус

Проекцијата за македонската економија во 2026-та е дека “тежи” приближно 20.75 милијарди долари (номинално) или 56 милијарди долари пресметано според куповната моќ (PPP) додека  обемот на трансакции само на NASDAQ  најчесто надминува преку 400 милијарди долари дневно.

Следствено, македонската економија на годишно ниво е 20 пати помала од дневната вредност на трансферите на берзата во САД што од една страна е демотивирачко, но од друга страна дава до знаење дека е исклучително флексибилна (доколку се постави соодветно). Градот Минхен има годишен БДП  од 138.5 милијарди евра што е приближно 7 пати повеќе од македонскиот.

Економските циклуси се директна последица на желбата за брзо стекнување на материјално богатство. Таквото однесување е очекувано, бидејќи секој се стреми да го максимизира своето богатство, во што пократко време. Големата рецесија во 1927-ма година е предизвикана помеѓу другото од неконтролирано и шпекулативно вложување во акции, како и неможноста банките да одговорат на барањето за готовина. Во 1999 популарно наречениот Дот-Ком меур (Dot-Com Bubble) е предизвикан од желбата за брз поврат на капиталот со инвестирање во технолошки компании од компании и индивидуалци повторно шпекулативно. Кризата во 2007-ма од неодржливата вредност на недвижностите и нефункционалното кредитирање и финансиските деривати. Од 2022 до денес забележлив е уште тренд кој претставува комбинација од преголемо инвестирање во финансиски пазари, недвижности, крипто-валути и Вештачка Интелигенција (ВИ). Само во ВИ за 2025-та година се инвестирани 258 милијарди долари, од кои што најголемиот дел од инвестициите се непрофитабилни[1].  

Тековно и да не постои “прибежиште за капиталот”. Во минатото движењето на цените на златото и акциите (и финансиските деривати) е обратно пропорционално. Кога акциите имале раст, цената на златото се намалувала, и обратно кога акциите стануваат преценети, инвеститорите се пренасочуваат кон златото како посигурна инвестиција.

Но, во изминатите години, цените на златото, акциите и недвижностите паралелно растат, и достигнуваат историски највисоко ниво. Златото на 28-ми Јануари 2026 го достигнува рекордот од 5,589 долари, NASDAQ индексот го достигнува рекордот од 24,019 поени на 29-ти Октомври 2025-та година (го затвора истиот ден на 23,958 поени) додека недвижностите иако не може да се измерат во еден индекс или вредност очигледно е дека се на највисоко можно ниво во историјата. Ниту чувањето на готовина го решава проблемот, бидејќи и инфлацијата во изминатиот период беше највисока споредбено со последните две декади во голем број држави, што значително ја намалува вредноста на парите. Накратко, чувањето готовина не е решение бидејќи парите губат значително од вредноста, а нема алтернатива која не е преценета за инвестирање. Паралелно со тоа неизвесноста предизвикана од конфликти, царински бариери и нарушувања на синџирите на снабдување, никогаш не била повисока.

Сето тоа значително ја усложува ситуацијата и можноста да се алоцира капиталот, но и покрај сѐ, сеуште се инвестираат милијарди евра во сите три сегменти (финансиски инструменти, злато и недвижности) и сите вклучени имаат очекување дека ситуацијата ќе продолжи со раст.

Оттука, очигледно е дека рецесијата е неминовна, дури и со сите мерки што државите се обидуваат да ги имплементираат за нејзино одложување или избегнување.

Позицијата на Македонската економија

Северна Македонија увезува значителна количина на прехранбени производи, што, имајќи во предвид дека е земјоделска држава и ги има сите предуслови за производство приближно на целата потребна храна, е целосно нелогично. Ова значи дека има и во самата држава пазар за производи и услуги кои може да се произведат и да се пласираат, а моментално се увезуваат. Зависноста од енергенси е многу комплексно да се надмине, бидејќи државата нема сопствени извори и е зависна од меѓународните пазари (врз кои што нема никакво влијание), но компаниите можат да влијаат на тоа што и како произведуваат и на кои пазари настапуваат.

Оттука, главната бариера за позначаен развој на домашната македонска економија не се бизнис циклусите, глобалните рецесии, движењето на S&P500 индексот или предизвиците со кои се соочуваат извозните пазари, туку е ниската иновативност, стегнатата продуктивност и дигитализацијата.

Македонската економија во ваков турбулентен период има повеќе потенцијал отколку закана, но се зависи од која страна се гледа ситуацијата. Многу од ефектите од глобалната економија се пренесуваат и во локалната, особено што е високо увозно зависна од енергенси и голем број на производи. И во Македонија цените на недвижностите, финансиските инструменти (иако акциите бележат стагнантна 2025-та година) и цените на најголем дел од производите и услугите имаат енормен раст во последните 4 години исто како и во поголем дел од државите на ЕУ. Очекувано е дека овој “меур” ќе придонесе за нов циклус, односно нова рецесија, без разлика дали таа ќе биде во следните 6 месеци или во следните 5 години.

Но, ако се спореди во глобален контекст, проекцијата за македонската економија во 2026-та е дека “тежи” приближно 20.75 милијарди долари (номинално) или 56 милијарди долари пресметано според куповната моќ (PPP) додека  обемот на трансакции само на NASDAQ[2] најчесто надминува преку 400 милијарди долари дневно.

Следствено, македонската економија на годишно ниво е 20 пати помала од дневната вредност на трансферите на берзата во САД што од една страна е демотивирачко, но од друга страна дава до знаење дека е исклучително флексибилна (доколку се постави соодветно). Градот Минхен има годишен БДП[3] од 138.5 милијарди евра што е приближно 7 пати повеќе од македонскиот.

Нашата држава, вкупно произведува добра и услуги кои што пазарите во ЕУ, САД и регионот можат да ги апсорбираат без никаков проблем. Што е уште поважно, Северна Македонија увезува значителна количина на прехранбени производи, што, имајќи во предвид дека е земјоделска држава и ги има сите предуслови за производство приближно на целата потребна храна, е целосно нелогично. Ова значи дека има и во самата држава пазар за производи и услуги кои може да се произведат и да се пласираат, а моментално се увезуваат. Зависноста од енергенси е многу комплексно да се надмине, бидејќи државата нема сопствени извори и е зависна од меѓународните пазари (врз кои што нема никакво влијание), но компаниите можат да влијаат на тоа што и како произведуваат и на кои пазари настапуваат.

Проблемот дефиниран како претходно, укажува дека македонската економија има неограничен потенцијал доколку има желба и работи да го реализира. Намалување на активностите на еден пазар, овозможува нивно зголемување на друг, бидејќи количината што се произведува не може значително да ги наруши економските текови на големите држави. Се разбира, и другите држави имаат сопствени капацитети кои што ги пласираат на пазарот, но ограниченоста (количински и вредносно) на македонската економија ја прави високо флексибилна. Рецесијата во германската економија со сигурност има влијание врз компаниите кои што извезуваат и работат на тој пазар, особено Странските Директни Инвестиции (СДИ) кои работат за германската автомобилска индустрија, но потенцијалот за најголем дел од компаниите е толку голем што на краток рок може да се направи пренасочување кон други држави и пазари. 

Главната бариера за позначаен развој на домашната македонска економија не се бизнис циклусите, глобалните рецесии, движењето на S&P500 индексот или предизвиците со кои се соочуваат извозните пазари, туку е ниската иновативност, стегнатата продуктивност и дигитализацијата.

Под иновативност не се подразбира “револуционерни” пронајдоци кои што ќе бидат развиени од “еднорози” и компании кои имаат пазарна капитализација во милијарди, туку иновативни решенија за предизвици што ќе решаваат секојдневни проблеми. Процентот од БДП за вложување во истражување и развој за Северна Македонија е 0.4% и е значително пониско од просекот на ЕУ кој е над 2%. Во економија со 15 милијарди евра БДП, 0.4% инвестиции во истражување и развој е инцидентно инвестирање, а не структурен прогрес.

Продуктивноста од друга страна, според податоците на Меѓународната Организација на Труд (ILO), во периодот од 2006 до (проценка) 2026-та година има годишен просечен раст од 2% годишно, што е под нивото на раст на економијата и значително пониско од другите држави во развој. Дигитализацијата е поврзана со иновативноста и продуктивноста, бидејќи колку што повеќе компаниите користат современи решенија за управување со бизнисот толку е поефикасно и искористувањето на интерните ресурси.

Сумирано, македонската економија пред сѐ се соочува со елементарен, структурен проблем, а помалку со проблеми од глобален карактер врз кои не може ниту да влијае ниту да биде дел туку само да ги прифати како такви.

Иновативност и дигитализација ќе ја зголемат продуктивноста и вкупниот производствен капацитет на државата, а тоа е нешто што реално може да се направи. Колку повеќе компании се вклучат во процесот, толку побрзо македонската економија ќе биде понезависна и пофлексибилна во справувањето со економските циклуси.  Дали се очекува нов циклус и рецесија во следниот период? Дали ќе има и понатаму кризи и случувања врз кои нема да се има влијание? И на двете прашање одговорот е да, со сигурност. Потребно е пред се да се започне со размислување дека македонската е пазарна економија, и дека настапува на глобален пазар, во кој има мало учество, што ја прави високо флексибилна и со неограничени можности.

Протекционизам наспроти иновативност и слободен пазар

Под иновативност не се подразбира “револуционерни” пронајдоци кои што ќе бидат развиени од “еднорози” и компании кои имаат пазарна капитализација во милијарди, туку иновативни решенија за предизвици што ќе решаваат секојдневни проблеми. Процентот од БДП за вложување во истражување и развој за Северна Македонија е 0.4% и е значително пониско од просекот на ЕУ кој е над 2%. Во економија со 15 милијарди евра БДП, 0.4% инвестиции во истражување и развој е инцидентно инвестирање, а не структурен прогрес.

Како движечка економска сила во ЕУ (и клучен трговски партнер на Македонија), за 2026-та година се очекува германската економија да биде и понатаму во рецесија. Таквата ситуација е последица на значителен број на фактори, но помеѓу другите е намалувањето на економската активност на автомобилската индустрија.

Во 2023-та година се произведени приближно 30% помалку автомобили од германските компании споредбено со 2015-та или 4,10 милиони наспроти 6,03 милиони возила. Макроекономистите и експертите веднаш посочуваат дека намалување на приходот на германските автомобилски гиганти ќе предизвика значително нарушување на економските текови во цела Европа, за што сѐ во право, но недостасува јавно и детално појаснување зашто тоа се случува. Помеѓу другите причини, се наведува дека кинеските компании на европскиот пазар се “нелојална конкуренција” и падот на продажбата се должи на намалување на побарувачката во источните држави за германските брендови.

Одговорот на Европската Унија, за да го заштити производството во Германија и другите европски држави како Франција и Италија е зголемување на царината до 45% за увоз на автомобили од Кина[4]. САД и Канада имаат 100% царина на кинеските возила. Тука се наметнува прашањето “што се штити” со таквата регулатива во случајот на ЕУ. Дали се штити пониската иновативност и неефективноста во производството на автомобилскиот сектор во ЕУ? Дали се штитат високите плати на вработените во номинален износ, и покрај тоа што плаќаат повисоки цени за други производи? Профитот на компаниите, или комбинација од се претходно поврзано со европските автомобилски компании? И да се имплементира заштита, на колкав рок тоа треба да биде, и дали таа заштита ќе овозможи поголема способност кај автомобилските гиганти да ги достигнат иновациите кои ги имаат американските и кинеските компании.

Ако иновативноста е главниот начин за добивање на долгорочна конкурентска предност, тогаш е појасно воведувањето на протекционистички мерки каде САД и Кина во апсолутни вредности се значително пред другите. Вкупниот број на апликации за патенти во 2024-та година за Кина е 1,79 милиони, САД е 0.50 милиони додека за Германија е 133 илјади и Франција (како втора економија во ЕУ) е 51 илјади[5]. Според Глобалниот Индекс за Иновативност, Швајцарија е на првата позиција, следена од Шведска на втората и САД на третата позиција. Германија е позиционирана на 9-та а Кина на 11-та позиција, но за разлика од Германија, Кина до пред неколку декади воопшто не била ниту на списокот.

Ако само ги анализираме секојдневните иновации кои ги користиме, од смартфони, Вештачка Интелигенција (ВИ) до самостојни управувачки и електрични возила ќе забележиме дека иновациите најчесто потекнуваат пред се од САД но се повеќе се појавува и Кина. Но, тоа што е интересно, и дека, и покрај доминантната позиција во иновациите во последната година во САД има слична политика како таа на Европа.

Каде е во овој случај “неефективноста на пазарот” која што треба државата да ја регулира преку воведување на царински и нецарински бариери? Дали пазарот треба, значи невидливата рака на пазарот, да го реши проблемот или регулативата? Во самата природа проблемот е исклучиво пазарен, кинеските компании достигнуваат степен на производство кој што е задоволителен и ги пресретнува барањето на потрошувачите, со ниски трошоци кои е невозможно да се достигнат во Европските држави (вклучувајќи го и Источниот блок) по цена што е исклучително конкурентна. Заостанувањето со иновациите кај компаниите нема да биде решено со воведување на царини врз сите производители што не се од ЕУ, а паралелно со “гушење” на домашните компании со прекумерна регулација.

Од потрошувачка перспектива, изборот е следен … Европски или кинески автомобил по приближна цена. И покрај што може цената да биде значително пониска, за кинеските доколку не се воведени царините, што во крајна линија за потрошувачот не е ни важно, бидејќи цената е идентична. Колку што е поголем притисокот за конкурирање со кинеските и американските автомобилски компании, толку е поголема веројатноста дека европските ќе мораат да ја зголемат својата иновативност и да се приспособат на новите пазарни услови, на кои некогаш биле лидери и креатори.

Но државната регулација и “штитењето” на домашното производство дополнително го продлабочува јазот, иако на краток рок потенцијално би дал некакви резултати. Во крајна линија ваквата политика на ЕУ ја поттикнува пазарната неефикасност, а не регулација на пазарната неефикасност или сузбивање на нелојална конкуренција. Сепак, воведувањето на царините во САД и ЕУ се од различен контекст. САД немаат проблем со иновативност, ниту пак со компании кои имаат глобална доминација на различни пазари. Најголем дел од глобалните корпорации се од САД и ситуацијата нема да се промени во догледно време. Главната цел на САД (иако проблемот е мултидимензионален) е да го вратат производството во државата, за да се намали трговскиот дефицит. ЕУ од друга страна воведува регулатива и царини за да го заштити домашното производство и компании од не-ЕУ конкуренција.

Најновиот пример за штитење на домашната економија е воведување на (реципроцитетните) царини од САД предводена од Претседателот Доналд Трамп врз трговските партнери. Освен намалување на високиот трговски дефицит на САД, една од целите е и мотивирање на компаниите да го преместат производството од другите држави во САД со што би ја стимулирале домашната економија. Кои ќе бидат финалните ефекти од целата стратегија, сеуште е рано да се предвиди, но со сигурност дополнително го нарушуваат слободниот пазар и влијаат врз работењето на компаниите.

Рецесијата како механизам за корекција

Како либерален економист, сметам дека изразот “пазарен неуспех” е целосно нефунцкионален, особено кога пазарот и не е оставен сам да се регулира, туку се повеќе е регулиран и далеку од слободен.

Треба да се остави и да се прифати рецесијата како нормална појава која го регулира отстранување на сегментот кој несоодветно управува со ресурсите. Рецесијата овозможува индустриите и економијата во целина да се исчистат од ниско профитабилните, неоптимизираните и компаниите кои се товар на економијата повеќе отколку што носат дополнителна вредност. Истата не е ризик, туку е природен механизам за корекција на систем кој веќе е преценет. Во услови на криза, компаниите треба да се оптимизираат, да ги искористуваат поефективно своите ресурси и да освојуваат нови пазари, особено тие економии кои се флексибилни како македонската.

Интервенцијата на државата дали преку царински, нецарински бариери или регулатива нема ништо друго да предизвика освен нарушување на пазарната економија и зголемување на притисокот врз бизнисот да вложува време и средства во непродуктивни активности.

Во најдобро сценарио ќе ја пролонгира рецесијата, и ќе ја однесе економијата на ниво каде е потребна уште подлабока корекција која ќе има длабоки последици. Историски, најголемиот просперитет во историјата на човештвото е направен токму поради слободниот пазар и можноста на бизнисите да ги алоцираат ресурсите за генерирање на профит. Секоја бариера го ограничува тој потенцијал.


[1] Full Report: Venture capital investments in artificial intelligence through 2025 | OECD

[2] Daily Market Summary

[3] Key figures | City of Munich

[4] European tariffs on Chinese electric vehicles: All you need to know | Euronews

[5] IP Facts and Figures

Редакција Капитал

Редакција Капитал

...само идејата е Капитал, а сè друго е пари...

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ