Реформаторите од ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од Груевски и партијата достоинствено да се соочи со волјата на граѓаните
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Реформаторското крило на ВМРО-ДПМНЕ бара итна оставка од лидерот на партијата, Никола Гревски, и оттаму сметаат дека не е потребно распишување предвремени парламентарни избори по големата загуба што ја претрпе партијата на локалните избори, бидејќи со тоа во моментов таа само уште повеќе би ја загубила силата и би се дефакторизирала.

„Што би правеле ние на нови парламентарни избори? Зошто би направиле избори на кои ВМРО-ДПМНЕ би го изгубил големиот број пратеници во Парламентот? Тоа прашање треба да му го поставите на Груевски, затоа што тој посакува избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ би била комплетно дефакторизирана и во Парламентот“, порача на денешната прес-конференција Петар Богоевски, еден од реформаторите.

Во врска со изборните резултати рече дека партијата мора достоинствено да се соочи со реалноста и волјата на граѓаните.

Итна оставка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, организирање слободен, демократски и обединувачки конгрес, одлука на членовите и симпатизерите дали се за обединување или поделби, прекин на заканите за исклучување од партијата за сите кои мислат поинаку, и ново законско решение за дејствувањето на политичките партии, побара денеска реформаторското крило на партијата.

Богоевски во име на реформаторите побара донесување нов демократски статут на партијата и избор на нови органи. Предложи организирање управувачки комитет на партијата, како времено тело, кое ќе има претставници од сите релеватни структури на партијата, а ќе го предводи човек кој има персонален  интегритет да обединува. Не сакаше да шпекулира со можните имиња, за тоа кој би бил тој човек.

Членовите и симпатизерите ги повика да изберат меѓу патот на европската иднина и обединувањето, што го носат реформите во партијата, или патот на минатото и пропаста, по кој се оди во моментов под водство на Груевски. Побара и освестување на членството и симпатизерите за потребата од демократизација и модернизација на партијата.

Богоевски упати апел за итен прекин на заканите за исклучување од партијата на сите кои не размислуваат како Груевски.

„Во таа насока ве повикуваме веднаш да престанете со сите закани за исклучување од партијата на кој било член, кој размислува слободно и демократски. Не е време за предизвикување гнев, поделби и раздор во партијата“, додаде Богоевски.

Ги повика сите релеватни политички субјекти да подржат ново законско решение за организирање и дејствување на политичките партии во насока на нивна длабока демократизација.

На прашањето што ќе сторат доколку Груевски не ги прифати нивните барања и дали планираат да се отцепат и да формираат своја политичка партија, Богоевски изјави: „Нашата порака е обединувачка. Доколку Груевски инстирира на поделби и отцепувања може слободно со малкумината поддржувачи да си формира своја партија и да продолжи понатаму во неговата желба за некоја си екстремна опција. Продолжуваме во вистинското автентично ВМРО-ДПМНЕ, какво што ни го оставија од 1990 година“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×