Реформи и евроатлантските интеграции или предвремени избори?
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Се уште е нејасно дали предлогот на премиерот Зоран Заев за лидерска средба за најмалку три теми – законот за обвинителство, пописот и измените на изборниот законик ќе биде прифатен од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која пак бара лидерска, но за организирање предвремени избори. За време на изминатиот викенд имаше неколку изјави на таа тема, но од нив не може да се добие информација дали и кога ќе има ваква средба.
zajlo-mickoВладејачката СДСМ инсистира на фокус на реформите и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, особено пред октомвриската одлука за датумот за преговори, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори наместо преговори за трите теми кои ги спомена премиерот Заев.
ВМРО-ДПМНЕ информира дека се уште нема покана за лидерска средба, а портпаролот на партијата Наум Стоилковски на прес-конференција рече дека власта и премиерот Заев треба да покажат зрелост, да се седне и да се разговара за што поскоро организирање на предвремени избори, бидејќи, како што рече „изворот на сите проблеми се наоѓа на Илинденска број 2“.
Лидерот на партијата Христијан Мицкоски претходно во интервју за Алсат М, кажа дека ова што се случува во државата мора да заврши со предвремени парламентарни избори.
„Апелирам за разум, да се седне и да се повикаат пратеничките групи и да се организираат предвремени парламентарни избори. Граѓаните нека одлучат дали овие политики на политичари ќе ја добијат поддршката или ќе дојде некоја нова генерација на политичари“, изјави Мицкоски.
Од СДСМ вчера повторија дека стратешки интерес на државата е да се донесе  Законот за јавно обвинителството.
„Се уште нема договор за лидерска средба. Но ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочи процесите што се од интерес на државата и да помогнат да се донесат законите кои се во интерес на евроатланската интеграција на земјата, пред се Законот за Јавно обвинителство во кој се решава и СЈО“, рече Костадин Ацевски од СДСМ.
Премиерот Зоран Заев во петокот порача дека власта и опозицијата треба да седнат и да разговараат барем на три теми – закон за обвинителство, попис и измени на изборниот законик.
Мицкоски за тоа дали е можен договор за Законот за јавно обвинителство, во истото интервју рече дека нема амбиент во државата за да функционира политичкиот дијалог меѓу позицијата и опозицијата.
Заев и Мицкоски последен пат на лидерска средба се сретнаа во март пред изборите за претседател.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×