Регионална стартап сцена
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Zagrepski startap WEBКако загрепскиот стартап PlayAD успеа својата прва зделка да ја направи со Coca – Cola

Не се ниту програмери, ниту девелопери, но младите Хрвати Лука Јустинијановиќ и Томислав Миклениќ развиле апликација што им сервира реклами на корисниците на смартфони само тогаш кога тие ќе го посакаат тоа. Coca – Cola им е првиот клиент, а апликацијата ShakeAD има потенцијал да стане глобален хит.

Наместо корисниците што пребаруваат интернет со мобилни уреди рекламите да ги доживуваат како несакана содржина, па ги избегнуваат, Хрватот Лука Јустинијановиќ осмисли апликација која што со реклами ќе “ги храни“ само кога тие ќе го посакаат тоа.

И, ова е во една реченица кажано, идејата врз која што настана новиот загрепски стартап PlayAD, чиј што основач е Лука, како и негов директор. Како што известуваат хрватските медиуми, прв клиент на PlayAD им е Coca – Cola Adria која што нивната апликација ShakeAD ја искористи за промоција на својата наградна игра Shake & Take. Во само месец дена апликацијата привлекла преку 20 илјади корисници, а нивниот број секојдневно расте.

Затреси го телефонот и чекај награда или попуст

Концептот на Shake & Take е едноставен: корисникот на апликацијата бесплатно ја симнува на својот смартфон (поддржани се и Android и iOS),се регистрира, впишува промотивни кодови што се наоѓаат на капачињата на шишињата од пијалаците на Coca – Cola,  и потоа го затресува мобилниот телефон. Во зависност од среќата, мозаикот што настанува со тресењето на телефонот донесува награди, како на пример влезници за концерти, кино, разни курсеви, претплати на списанија, или пак смартфони и други уреди. Убавата работа е што секој код е добитен. Јустинијановиќ вели дека соработката со Coca – Cola е само првиот чекор во развојот на неговата компанија, која што е воедно и првиот хрватски стартап со кого што светскиот гигант соработува.

Освен него, јадрото на PlayAD го чини и неговиот колега Томислав Миклениќ, како и Јадрана Ќурковиќ од Core Incubator, co-working простор во Загреб наменет за стартапи, каде што PlayAD има своја канцеларија.

Лука и Томислав не се ниту програмери, ни девелопери, и кога почнале немале никакви искуства со развој на апликации. Лука има завршено новинарство и менаџирање на деловни комуникации, а Томислав економија. Но, тоа не ги спречило во намерата да влезат во светот на апликациите.

“Пред три години дојдов до идеја за систем кој што рекламите би им ги сервирал на корисниците само кога тие тоа го сакаат. Ја презентирав идејата во Core  и ја добив првата инвестиција што ни помогна да го развиеме системот на ShakeAD“, вели Лука.

После тоа, ја презентирале апликацијата во Coca – Cola, ја добиле зделката  и така тргнал 18 месеци долгиот развоен пат за Shake & Take. Јустинијановиќ го објаснува концептот.

“Корисникот сака некаде да седне на кафе, или да речеме, да оди во шопинг. Го отвора нашиот систем и ја пронаоѓа категоријата што го интересира. Апликацијата го следи од првиот контакт до доаѓањето на продажното место, каде што потоа корисникот учествува во промотивна акција или остварува попуст. Од една страна, на огласувачите им овозможуваме контакт со нивните купувачи, клучни податоци и сл., а на корисниците им даваме шанса да освојат нешто или добијат попуст“, вели Јустинијановиќ.

Инкубатор им помогнал во развој на стартапот

Откако ShakeAd го прилагодиле на Coca – Cola, настанала Shake & Take, но системот може за секој бренд поинаку да се прилагоди, велат Лука и Томислав.

Coca – Cola размислува истата апликација да ја искористи и на други пазари, па така Shake & Take би можела да стане и глобален хит.

Стартапот на Лука и Томислав се развива во инкубаторот Core, кој што функционира како приватен инкубатор кој што на млади технолошки компании им нуди заеднички работен простор, менторство, но и до 50 илјади долари како прва инвестиција. Зад Core стои венчр фондот Core Commercial Investments со седиште во Абу Даби, a директор во загрепскиот Core е поранешниот хрватски ТВ водител Хамед Бангура.


Хрватските иновативни стартапи го освојуваат светот
За супербзите електрични автомобили на Римац веќе многу е кажано, Bellabeat со своите паметни приврзоци Leaf ита кон бројката од 500.000 продадени,  а паметните клупи на Include и соларните автобуски постојки на Energomobil ги освојуваат и далекуисточните пазари.

Капитал неодамна пишуваше и за Bellabeat, стартап со седиште во Загреб, но со консултанти и добавувачи во В.Британија, САД и Кина, кој што произведува и продава паметни приврзоци  Leaf кои ја пратат здравствената состојба на сопственикот, засега главно жени. За речиси две години од лансирањето успеале да продадат 400 илјади парчиња. Со цена поголема од 100 долари по парче едноставно е да се пресмета дека досега со овој иновативен производ е направен промет од околу 40 милиони долари. Bellabeat денеска заедно со Римац автомобили е најуспешен хрватски стартап.

Уште еден стартап од оваа земја кој што допрва ќе станува сè попопуларен е Include на Иван Мрвош, младиот студент од Сплит, креатор на паметната клупа Steora. Клупата  е енергетски независна, односно се полни со сончева енергија, а нуди погодности како што е бесплатно полнење на мобилен телефон, пристап до брзи 4G мрежи, амбиентална расвета, пријатно разладување во лето при седењето, сензори за самодијагностика и други податоци, вклучувајќи и атмосферски.

Освен за паметните клупи на Мрвош, иновациите на полето на зачувување на животната средина и зголемување на квалитетот на животот се покажаа исплатливи  и за компанијата Energomobil, изумители на соларната автобуска постојка која што, освен за чекање јавен превоз, служи и за полнење мобилни телефони или сурфање на интернет.

Соларната автобуска постојка тргнува на странските пазари кон Абу Даби. За Обединетите Емирати развиена е комплетно климатизирана соларна автобуска постојка.  За хрватската иновација се заинтересирани и во Грција, Египет, Италија, а нарачки можно е да стигнат и од Сингапур, кој што е водечки светски производител на соларни уреди.

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×