Регионот може да остари, пред да се збогати
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

construction-site-workerММФ: За 30 години бројот на работници во регионот на средна, источна и југоисточна Европа ќе се намали за дури 25%

Земјите во Средна, Источна и Југоисточна Европа во следните 30 години би можеле да се соочат со големо намалување на работната сила, предупреди денеска заменик-директорот на ММФ, Тао Жанг, кој, покрај мерките за зголемување на работната сила и нејзината ефикасност, ги истакнува и предности на технолошкиот развој.

Жанг, кој учествува на Меѓународна конференција “Демографија, вработување и раст: Управување со иднината во средна, источна и југоисточна Европа”, организирана од страна на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Хрватската народна банка (ХНБ) презентираше податоци од најновото истражување на ММФ кои покажуваат дека населението во овој регион, исклучувајќи ја Турција, поради процесите на стареење и миграција ќе се соочи со 12 процентен пад на населението до 2050 година.
Намалување на бројот на работна сила во наредните три децении може да биде уште посилно и да достигне 25%, а Жанг предупредува дека тоа значи дека работните популации ќе мора да издржуваат повеќе од двојно поголем број на постари лица, отколку сега.
“Овие демографски предизвици би можеле значително да го забават економскиот раст. Намалената понуда на работна сила и ниската продуктивност на постарите работници, заедно со поголемиот притисок на јавните финансии, би можеле земјите да ги чинат околу 1% од БДП годишно,” истакна Жанг.
Исто така, овие процеси би можеле да ја намалат и конвергенцијата. Според ММФ, без демографските притисоци, БДП по жител во регионот до 2050 година може да достигне ниво од 74% од нивото на Западна Европа, во споредба со 52 % во 2020 година, а со демографските предизвици тоа ниво би изнесувало само 60%.
Жанг вели дека земјите од регионот се соочуваат со демографските предизвици се соочува на пониско ниво на развој во споредба со богатите западни земји, заради што им се заканува да остарат пред да се збогатат.
Зголемување на работната сила и нејзината ефикасност
Како едно од решенијата за ублажување на овие притисоци ММФ ги истакнува зголемување на бројот на работната сила и нејзината ефикасност.
Се напоменува дека најголемо влијание врз лошите демографски процеси има иселувањето на младите и образованите луѓе. Во периодот од 1995 до 2017 година, исклучувајќи ги Русија и Турција, регионот изгубил околу 7% од работната сила.
Освен мерките за стопирање на миграцијата, како и враќање на оние кои веќе заминале, Жанг истакнува дека некои земји за ублажување на недостатокот на работна сила се одлучиле на увоз на странски работници, притоа истакнувајќи дека имиграцијата како политички избор става поголем терет на некои други политики.
Како начини на зголемување на понудата на работна сила исто така се посочува и охрабрувањето на жените и постарите работници да влезат на пазарот на трудот.
Жанг посочува дека просечното учество на жените на пазарот на трудот е 10 процентни поени помало од нивото во западна Европа.
Како една од мерките која што се предлага е и подигање на старосната граница за пензионирање.
Користење на технолошкиот напредок
Жанг го апострофира и технолошкиот напредок и ефикасната употреба на технологијата, за што вели дека е веќе реалност во регионот со самиот факт дека многу компании веќе имаат воведено автоматизација во работењето.
 Меѓународната федерација за роботика предвидува дека годишна стапка на раст на испораката на роботи во регионот ќе се зголеми за 21% до крајот на оваа деценија. Тоа значи дека регионот ќе има двојно повеќе роботи од просекот во европските економии.
Во позадина на се поголемата автоматизација, Жанг вели дека многу од вработените се загрижени дека роботите ќе им земат работните места, но во регионот на средна, источна и југоисточна Европа зголемувањето на автоматизацијата се совпадна со зголемувањето на вработеноста.
Но, поголемата примена на технологијата и автоматизацијата треба да биде проследена и со соодветни политики, односно со политики кои ќе инвестираат во човечки капитал и зголемување на благосостојбата.
Заради тоа ММФ ја потенцира неопходноста од сеопфатни реформи во образовните системи, како и значајни вложувања во програми за доживотно учење и преквалификации.
Овие мерки би требало да се комбинираат со политики кои го спречуваат одливот на мозоци, како на пример унапредување на управувањето, надградба на инфраструктурата и модернизација на прописи, со кои повторно би се привлекле оние кои се иселиле, зацврстување и подобрување на бизнис опкружувањето, поттикнување на иновациите и поширока примена на предностите на технологијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×