Рекорден број барања за азил од Латинска Америка во ЕУ
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Венецуела се искачи на второто место на списокот на земји чии државјани бараат азил во Европа, веднаш по Сиријците.
azil-1Во текот на февруари оваа година вкупно поднесени се 57 илјади барања за азил во земјите на ЕУ, плус Норвешка и Швајцарија, од кои четири илјади се од Венецуелци, со што оваа земја се искачува на врвот на листата по Сирија.
Барањата за азил од Венецуела бележат зголемување од 51 отсто во споредба со јануари 2019, се наведува во редовниот извештај на Европската канцеларија за азил, ЕАСО. Вкупно, над 33 илјади Венецуелци во моментов се во исчекување на одговор за нивното барање во ЕУ, Норвешка и Швајцарија.
Изненадување за февруари е и високиот број барања за меѓународна заштита на граѓани од Колумбија и Никарагва во ЕУ. Од Колумбија, само за февруари, 1.937 лица побарале азил во Европа, што претставува рекорден број за оваа земја. Колумбија е сега десетта земја со најголем број барања за азил во Европа.
Зголемување бележи и Никарагва, од каде во февруари азил побарале 616 лица. Претходната година во истиот месец овој број изнесувал девет лица.
По Сирија и Венецуела, најголем број барања за меѓународна заштита во февруари поднеле државјани од Авганистан, Ирак и Нигерија. Во првите десет земји се наоѓаат Грузија, Пакистан, Турција и Албанија, соопшти ЕАСО.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×