Рекорден Буџет од 3,3 милијарди евра во 2017 година
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Владата планира да потроши вкупно 3,35 милијарди евра, догодина што е 5,5% повеќе отколку годинава., покажува предлог – Буџетот за 2017 година што пред јавноста го претстави министерот за финансии, Кирил Миноски.  Од друга страна, од даноци, придонеси и други давачки за граѓаните и фирмите, властите планираат во државната каса да инкасираат 3,05 милијарди евра, што значи дека ќе се потрошат околу 300 милиони евра повеќе пари од приходите, кои што ќе се обезбедат со задолжување на државата. Тоа е всушност буџетскиот дефицит кој што следната година треба да изнесува 3% од бруто домашниот производ (БДП). Владата одлучи да го скрои Буџетот за 2017 година неполни три месеци пред одржувањето на предвремените парламентарни избори од кои исходот е непознат, и ќе се обиде да го донесе до распуштањето на Собранието на 12 октомври.

„Буџетот за 2017 година е работен врз основа на проекција за раст на економијата од 3% следната година. Сметам дека ова е реална проекција, бидејќи во неа се инкорпорирани предвидувањата за глобалниот раст следната година, ефектите од Брегзитот, кои ќе влијаат на успорување на растот во земјите на ЕУ, како и очекувањата за домашната состојба, односно разрешување на политичката криза по завршување на парламентарните избори. Растот на економската активност ќе биде придвижен од извозот, кој се предвидува да забележи реален раст од 6%. Увозот е предвидено да забележи раст од 4,7%, со што нето – извозот би имал благ позитивен придонес кон економскиот раст“, рече Миноски на прес – конференцијата во Владата на која што го претстави новиот предлог – Буџет за 2017 година.

Тој нагласи дека од вкупните расходи, за тековни потреби се планирани 2,9 милијарди евра, што е раст од 2,4% во однос на 2016 година. Од нив, за плати на јавната администрација се планирани 435 милиони евра, социјалните трансфери се проектирани на 1,5 милијарди евра, при што се опфатени и ефектите од политиката за поддршка на пензионерите и корисниците на социјална помош. Во текот на 2017 година 832 милиони евра ќе се наменат за исплата на пензии и во нив е вкалкулирано предвиденото зголемување на пензиите за 5%. За исплата на паричен надоместок за невработените лица планирани 14,4 милиони евра, а за спроведување на активните политики и мерки за вработување 9 милиони евра. За здравствена заштита се планирани 429 милиони евра.

Министерот за финансии повторно најави рекорден износ на капитални инвестиции од 438 милиони евра, што според Миноски е 20% повеќе отколку годинава, но сепак тоа е удел од само 13% од вкупниот Буџет за 2017 година.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×