Рекордни 2,42 милијарди евра казна за Google од Еврокомисијата
Објавено на од во hi-tech & business

Европската комисија му одреди на Google рекордна казна од 2,42 милијарди евра за злоупотреба на доминантната положба на пазарот. Компанијата има 90 дена да ја плати сумата или ќе се соочи со казни во висина од 5% од просечниот дневен приход на компанијата мајка Alphabet.

^AF77375C41F41A25C40135C908C42CDA79838ABDE13EEBB943^pimgpsh_fullsize_distr

Сундар Пичаи, CEO на Google

Вака завршува седумгодишната истрага на Брисел по прашањето дали Google ги прекршил европските правила со качување повисоко во резултатите на линковите што водат кон неговата пазарна услуга Google Shopping. Ова е уште една тешка мерка што еврокомесарот за конкуренција, Маргарете Вестагер, ѝ ја наметнува на глобална компанија.

90% од приходите на пребарувачот доаѓаат од реклама, зашто корисниците плаќаат за услугата со сопствените податоци. Во 2004 година Google навлезе на европскиот пазар со услугата Froogle, подоцна преименувана Google Product Search и во крајна линија Google Shopping, која им овозможува на корисниците да пребаруваат производи од сајтовите за онлајн купување и да ги споредуваат цените меѓу различните продавачи.

Интерен документ на компанијата од 2006 година покажува дека Froogle бил послаб од конуренцијата, но Google заиграл на картата на сообраќајот на својот пребарувач за да го зголеми истиот кон својата услуга (Froogle), при што систематски почнал да ги изложува резултатите од неа на видни места и да ги потиснува тие на конкурентските услуги.

Истрагата покажала дека поставените на први места резултати добиваат најмногу кликнувања – првите десет резултати од првата страница од барањето собираат 95% од сите кликови на корисниците, од кои првиот резултат добива дури 35%. Во исто време пребарувачот на Google е најкористен (со над 90%) во целата Европска економска зона од 2008 година наваму, освен во Чешка, каде дојде на прво место од 2011.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×