Рекс Тилерсон- од нафтен барон до државник на американската дипломатија
Објавено на од во Профил
rex-tillerson 894 WEBИзненадувачкиот потег на Доналд Трамп да го избере Рекс Тилерсон, шефот на нафтениот гигант ExxonMobil предизвикува оживување во Москва и неспокојство во источлноевропските земји, заради перспективата “пријател на Путин” да стане прв дипломат на САД

 

Извршниот директор на енергетската компанија Ексон (ExxonMobil), Рекс Тилерсон, е нов американски државен секретар, официјално објави избраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

„Неговата истрајност, широкото искуство и длабокото разбирање на геополитиката, го прават одличен избор за државен секретар“, образложи Трамп во соопштението што го објави неговиот транзициски тим.

Тилерсон, очекува Трамп, ќе промовира регионална стабилност и ќе се фокусира на суштината на интересот на националната безбедност на САД.

Тилерсон (64), кариерата ја почнал како инженер во Ексон, во 1975 година, и оттогаш работи само во оваа компанија. На листата на Форбс на најмоќни луѓе тој е на 25 место.

rex-tillerson 894 WEB  01Критичарите сметаат дека со именувањето на Тилерсон, Трамп го продолжил трендот на избирање соработници кои ќе се залагаат за подобри односи со Русија, зашто новиот државен секретар има добиено „орден за пријателство“ од Кремљ, што е највисоката чест што официјална Москва може да ја додели на странски државјанин. Тилерсон е и меѓу критичарите на санкциите против Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во пресрет на именувањето на Тилерсон, за него рече дека е голем професионалец кого лично го познава и претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Тилерсон повеќе пати се среќаваше со Путин“, изјави Песков, додавајќи дека Кремљ се надева оти новиот државен секретар на САД ќе покаже професионалност и конструктивен став.

“Изненадувачкиот потег на Доналд Трамп да го избере Рекс Тилерсон, шефот на нафтениот гигант ExxonMobil предизвикува оживување во Москва и неспокојство во источлноевропските земји, заради перспективата “пријател на Путин” да стане прв дипломат на САД”, пишува британскиот весник Guardian.

Сојузниците на САД реагираа растревожено на веста, но многу дипломати изјавија дека ќе ги почекаат говорот на Тилерсон во Сенатот за да дознаат и да коментираат дали тој е способен да се трансферира од директор на нафтена компанија во државник.

Трамп со овој потег ризикува да предизвика бунт меѓу Републиканците, со оглед на блиските врски на Тилерсон со рускиот претседател Путин, кои би можеле да го напрваат несоодветен за оваа позиција.

Поранешниот министер за одбрана Роберт Гејтс и поранешниот државен секретар Кондолиза Рајс, долгогодишни експерти за Русија, засега ја поддржуваат номинацијата.

Тилерсон управува со огромна организација со значителни приходи, има солидно искуство од Блискиот Исток. 64 годишниот Трамп е многу способен бизнис раководител на една од најголемите компании во време на нестабилност на пазарите на нафта и гас. Имајќи предвид колку исполитизирана дејност е нафтената индустрија тој сигурно во својата кариера морал да работи со државни лидери и министри од многу земји низ светот. Тој со сигурност знае како се води двострана диломатија подобро од некои сенатори, кои се изјаснуваат само од говорницата”, пишува Wall Street Journal.

Кулминација на неговата работа во Русија е договорот од 2011 година кј на ExxonMobil му даде пристап до огромни ресурси во рускиот дел на Северниот океан, а за возврат руската нафтена компанија Rosneft  доби можност да инвестира во операции на американската фирма и во други земји. Овој догово беше сопрен во 2014 година зарадт антируските снакции, кој според Тилерсон на компанијата и донеле загуби од 1 милијарда долари.

“Како најголема нафтена компанија во Америка, проценета на 390 милијарди долари, ExxonMobil има дејности на шест континенти, и е своевидна држава во држава. Иако никогаш официјално не бил дипломат, Тилерсон оставил американски отпечаток на многу повеќе земји од било кој друг номиниран пред него за оваа позиција”, пишува New York Times.

За време на Тилерсон, компанијата ExxonMobil има склучено многу профитабилни зделки со репресивни режими во Африка, влезе во пријателски односи со Кина, се спријатели со Виетнам, има големи поуки од Венецуела, а изгради и блиски односи со Русија во време на големата недоверба помеѓу Кремљ и Западот.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×