Ренци: Не сакам ѕидови против имигранти да бидат европска вредност!
Објавено на од во Политика
Италијанскиот премиер Матео Ренци меѓу првите високи европски политичари се спротивстави на подигањето ограда помеѓу Унгарија и Србија, која е најавена од Будимпешта заради стопирање на имигрантите.

“За мојата генерација, раѓањето на европскиот идентитет се поистоветува со симболичниот пад на Берлинскиот ѕид; тогаш јас имав 14 години. Денес мојот син има толку и не сакам за него знак на припадност кон европското семејство да биде ѕидот помеѓу Унгарија и Србија, или оградата на недоверба помеѓу европските земји“, наведе Ренци.

Во колумна во италијанската La Stampa за проблемите на имигрантите, Ренци наведе дека Европа не е збир од обврзувачки финансиски правила, туку “заедница на души, судбини и идеали“.
“Ако ова ние се скуси, го губиме европскиот идентитет. Сакаме да се бориме за поинакво сфаќање на човечките вредности, развојот на цивилизираното општество, мирот. Европа заради ова е создадена. Не заради склучување на берзански договори и пактови за стабилност. Туку заради овие вредности“, вели Ренци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×