Републиканецот Џеб Буш бара Силиконската долина да се отвори за разузнавачките служби
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Приватниот технолошки сектор мора повеќе да соработува со разузнавачките служби за да им помогне во борбата со криминалот“, изјави еден од кандидатите на Републиканската партија за претседател на САД, Џеб Буш, зборувајќи на безбедносен форум во Јужна Каролина.

Значењето на овие зборови на кандидатот (кој е прв избор на умереното крило на Републиканската партија) е јасно – смета дека компаниите од Силициумската долина треба да се договорат со NSA (National Security Agency – Националната безбедносна агенција) да престанат да користат енкрипција во своето работење.

„Ако користат енкрипција, тоа на американските власти, додека ги штитат граѓанските слободи, им отежнува да обезбедат дека злосторниците не се меѓу нас“, изјави Буш.

Тој, за разлика од судот во САД, смета дека не постојат никакви докази дека масовното шпиунирање на комуникациите на граѓаните ги кршело нивните права на слобода и приватност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×