Републиканскиот естаблишмент го нападна Трамп
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Шеесет ветерани на Републиканската партија во САД објавија писмо во кое наведуваат дека ќе застанат против евентуалната кандидатура на Доналд Трамп.

Тие сметаат дека ако Трамп биде нивен кандидат на претседателските избори, тоа ќе ја поткопа американската безбедност и ќе го наруши угледот на САД.

Меѓу потписниците на писмото се поранешниот претседател на Светската банка, Роберт Зелик, поранешниот секретар за внатрешна безбедност, Мајкл Чертод, функционерот на Пентагон во времето на Буш џуниор, Дов Закхејм …

Станува збор за претставници на центарот и на неоконзервативната струја кај републиканците.

„Демонстрираниот став на Трамп како треба да се користи моќта против оние што го критикуваат претставува јасна закана за граѓанските слободи во САД“, се вели во писмото.

Трамп на „супер вторникот“ победи во седум држави што ги мобилизираше силите во партијата кои сакаат да се оневозможи неговата номинација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×