Рестартиран рудникот „Злетово“ – инвестиција на бугарски „Минстрој“
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Рудникот за олово и цинк „Злетово“ во Пробиштип го рестартираше производството -по неколкумесечни подготовки бугарскиот концесионер „Минстрој“ ја доби дозволата за работа и ја извади првата количина на руда од рудникот.

Инвестицијата на бугарски „Минстрој“, што ја има и концесијата за рудникот „Тораница“, е 20 милиони евра. Во моментов во рудникот „Злетово“ се ангажирани 300 работници, а за неколку месеци се очекува бројката да достигне до илјада, кои, според зборовите на концесионерот, ќе работат во современи и безбедни услови и ќе имаат повисоки плати.

Рестартирањето на рудникотофицијално го означија премиерот Емил Димитриев, вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот за економија, Дритан Кучи, бугарската министерка за енергетика, Теменушка Петрова, претседателот на Бордот на директори на „Минстрој“, Николај Влканов, а присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×