Рециклираната ракета на Маск постави два историски рекорди
Објавено на од во hi-tech & business

Компанијата на претприемачот Илон Маск, Space X, ноќеска по наше време успешно лансираше ракета чиј прв степен беше „втора рака“, односно, веќе употребен. Ова се случи првпат во историјата на вселенските летови, а успехот беше дополнет и од успешното приземјување по втор пат на истиот дел од Falcon 9 на пловечка платформа во Атлантикот.

Ова двојно постигнување се смета за револуционерен чекор кон значајно намалување на трошоците за поставување сателити во орбитата и за снабдување на орбитални лаборатории. Освен ова, на оние кои сакаат да ја користат оваа услуга, истата ќе им биде достапна почесто, зашто нема да се чека изработувањето на скапата ракета за еднократна употреба.

„Денес е неверојатен ден“, воскликна Маск.

Екипата на SpaceX 15 години работи на идејата, и Маск сега изјави дека новата цел им е да го подготват приземјениот/употребениот дел од ракетата за нов лет во тек од 24 часа. Според зборовите на основачот на SpaceX, ова може да стане факт веќе до крајот на 2017 година.

„Има потенцијал да се намалат за 100 пати трошоците за достап до Вселената. Ако ова го постигнеме, човештвото ќе стане навистина вселенска цивилизација“, изјави Маск.

Со „рециклираните“ ракети во SpaceX се надеваат дека за 30% ќе се намали цената за еден лет, која во моментов чини 62-64 милиони долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×