Револуција во финансискиот сектор: IBM развива нова блокчеин технологија за седум европски банки
Објавено на од во Економија
Deutsche Bank, HSBC, KBC, Natixis, Rabobank, Societe Generale  и  Unicredit се европските банки што први ќе применат блокчеин за олеснување на трговијата помеѓу мали и средни бизниси 
Blockchain

 

 

 

 

 

 

 

–IBM развива блокчеин (blockchain) технологија што ќе  ја користат седум големи европски банки – Deutsche Bank, HSBC, KBC, Natixis, Rabobank, Societe Generale  и  Unicredit –  за да се олесни меѓународната трговија за малите и средни компании, пренесува CNBC.

Проектот всушност ќе биде една од првите практични примени на блокчеин технологијата во финансиските институции во светот. Потенцијалот на блокчеинот беше истакнуван од банкарската индустрија последниве неколку години, но првите вистински практични решенија се на своите почетоци.

Блокчеинот е генерален назив за дистрибуиран дигитален блок што може да чува записи за трансакции и е заштитен од злоупотреби. Тоа е технологија што овозможува функционирање (копање, тргување, итн.)  на криптовалутите како биткоин и Етереум, но исто така од банките е разгледувана како начин да се усовршат и поевтинат платежните процеси.

IBM си гради свој блокчеин, наречен Digital Trade Chain, што ќе им овозможи на засегнатите страни да следат, менаџираат и прават меѓународни трансакции.

Кога некој ќе продаде производи/услуги и тие ќе пристигнат кај купувачот, блокчеинот ќе го активира процесот на плаќање, објаснува Вибе Драјер, претседател на Управниот одбор на холандската Rabobank, една од банките што учествуваат во проектот на IBM.

“Ние се грижиме за плаќањето, што е всушност се’ уште старата технологија за плаќање. Но, целата инфраструктура и администрирањето е направено на блокчеин. На крајот целта е целосно платежната трансакција да се префрли на блокчеин решението, кога технологијата ќе биде спремна за масовна примена“, објаснува Драјер  за CNBC.

Технолошкото решение што го развива IBM за банките, ќе биде на Hyperledger Fabric, open source блокчеин платформа, и треба да се пушти во оптек до крајот на годинава.

“Во моментов многу банки и fintech компании експериментираат со употребата на блокчеинот. Ние седумте банки засега правиме чекор напред, со апликацијава базирана на блокчеин, каде што ќе им помогнеме на мали и средни бизниси при извозот. А, блокчеин технологијата е многу моќна и го овозможува сето тоа“, објаснува Драјер.

Досега повеќе банки во светот направија проба со блокчеин технологијата. Лани, Wells Fargo  и Commonwealth Bank of Australia користеа блокчеин за да се реализира продажбата на пратка памук од САД во Кина. Британската банка Barclays пак, се обиде да тргува со финансиски деривативи користејќи блокчеин технологија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×