РФМ реагираше на барање на клубовите: лиценцата за странски играчи останува 1000 евра до следната година
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Ракометната федерација на Македонија  го уважи барањето на неколку клубови за одложување на одлуката за покачување на надоместокот за лиценца за странски играчи во ракометните клубови во Македонија од 1000 на 1500 евра,  односно нејзино стапување на сила од натпреварувачката сезона 2016/2017.

“По одлуката за зголемувањето на надоместокот, донесена на 22 август 2015 г. на редовна седница на УО, РФМ на 24 август доби писмено барање од ,,РК Макс Струмица”, ,,РК Прилеп 2010”, ,,РК Пелистер Битола” и ,,РК Охрид 2013” за ревидирање на истата, односно нејзино стапување на сила од натпреварувачката сезона 2016/2017.

Земајќи го предвид барањето од горе-наведените клубови, податокот што буџетите за натпреварувачката сезона 2015/2016 се дефинирани и затворени, како и реакцијата на РК Вардар испратена до медиумите, раководството на Ракометната Федерација на Македонија, испрати барање до членовите на Управниот одбор за постапување согласно наведеното. Поради итноста за донесување одлука, согласно Член 35 од ,,Статутот на РФМ“, како и Член 3, точка 11 од ,,Законот за здруженија и фондации“ (Службен Весник на РМ бр. 52 од 16 април 2010г.), Управниот одбор на РФМ се согласи одлуката за покачување на надоместокот за странски играчи во ракометните клубови во Македонија на 1500 евра да стапи на сила од натпреварувачката сезона 2016/2017.“, се вели во соопштението од РФМ.

Истовремено, во РФМ истакнуваат дека нивната врата е  отворена во секое време за дијалог со сите ракометни клубови во Македонија на сите релевантни ракометни теми.

“Ккако и до сега, ќе дадеме  сè за создавање атмосфера во која сите ќе можат да напредуваат, но таа комуникација очекуваме да биде двонасочна, бидејќи, сепак клубовите се оние кои се базата од која потекнуваат квалитетни национални репрезентативци кои достојно (ќе) ги бранат боите на Македонија.“, велат во РФМ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×