Ричард Бренсон: Бизнисот не значи само носење одела
Објавено на од во ЛИДЕРИ

Richard-Branson 912 WEBРичард Бренсон – иноватор

Ричард Бренсон е познат британски претприемач и еден од наголемите иноватори во светот. Она што е интересно е што Бренсон бил многу лош студент.
Неговиот професор Роберт Драјсон на последниот ден во училиште му рекол дека или ќе заврши во затвор или ќе стане милионер. Бренсон денес е сопственик на Virgin group, во рамки на која работат повеќе од 400 компании низ светот.
Во текстот кој го објави на својот профил на Linkedln, Бренсон на своите следбеници им дава совети кои ги добил уште кога бил млад. Еве некои од нив.

 

Предизвиците се природен дел од животот и бизнисот. Се појавуваат  на најмалку очекуваните места. Иако не можете да се подготвите за неочекуваното, можете да научите како да реагирате.
Иако лошите ситуации делуваат како пекол за повеќето луѓе, јас научив да ги прифаќам. Добро поднесувам притисок. Тоа ме прави да се чувствувам жив, ме дефинира и ме турка напред.
Мојата мајка ме научи на многу важна лекција. Напредокот се случува кога ќе излезете од својата зона на комфорот.
Кога себеси си поставуваме предизвици, создаваме основа за ментално, емоционално и физичко зацврстување и растење.
За мене бизнисот не се состои во носење на одела и задоволувања на акционерите. Бизнисот се состои во тоа да бидеш искрен со себеси, на твоите и идеи и да се фокусираш на суштината.
Мојот општ став кон животот е да уживам во секоја минута од животот. Никогаш не правам ништо со чувството “Ох Боже, денес морам да го направам ова.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×