Ричард Бренсон инвестира во остварувањето на идејата на Илон Маск
Објавено на од во Teхнологија

hyperlooponepod 938 WEBПред името Hyperloop One сега ќе стои Virgin

Во септември Hyperloop One доби 85 милиони долари, а дел од овие  средства беа од Virgin Group. Со ова вкупните досега привлечени инвестиции од американската компанија, од нејзиното создавање во 2014 година, достигнаа 245 милиони долари. Од Virgin Group не откриваат колку точно изнесува нивната инвестиција

 

И британскиот претприемач Ричард Бренсон се приклучи на посветениците на иновативната Hyperloop технологија што ќе овозможи супер-брз транспорт на луѓе и на товар во специјални капсули што се движат на магнетни „перничиња“ во средина со низок притисок или вакуум.

Минатата недела милијардерот објави дека неговата компанија Virgin Group ќе инвестира во една од компаниите што веќе работат на практична реализација на идејата – американската Hyperloop One. Компанијата сега се вика Virgin Hyperloop One, а Бренсон стана член на управата.

Во септември американската компанија доби 85 милиони долари, а дел од овие  средства беа од Virgin Group. Со ова вкупните привлечени инвестиции од Hyperloop One од нејзиното создавање во 2014 година досега, достигнаа 245 милиони долари. Од Virgin Group не откриваат колку точно изнесува нивната инвестиција.

„Ова е неверојатно иновативен и возбудлив нов начин за транспорт на луѓе и на предмети со брзина што може да се споредува со авионската, но на земјата“, напиша Бренсон на својот блог.

Идејата за hyperloop транспорт, при што специјални превозни средства се движат во цевки со низок притисок на далечни растојанија со блиски до надзвучни брзини не е нова – во 2013 година за таква можност прв говореше основачот на Tesla и на Space X, Илон Маск. Но, тој одлучи да не се занимава детално со идејата, а да го остави нејзиниот развој на други експерти. Како резултат, барем три стартап компании се зафатија со тоа да ја претворат во реалност.

Hyperloop One е една од компаниите кои се натпреваруваат за изградба на првиот соодветен футуристички транспортен систем. Технологијата што ја користи компанијата е во почетна етапа на комерцијален развој, откако претходно годинава беа спроведени целосни тестови на системот во истражувачкиот центар DevLoop покрај Лас Вегас. За време на тестовите Hyperloop One постигна максимална брзина од 192 милји на час, или 86 метри во секунда, посочува Бренсон на својот блог. Максималното поминато растојание беше 436 метри.

Најголемиот предизвик за компанијата ќе биде да докаже дека hyperloop системот може да биде безбеден и рентабилен при користењето на долги растојанија, напиша Financial Times.

Hyperloop One работи проекти на Блискиот исток, во Европа, во Индија, во Канада и во САД. Минатиот октомври компанијата доби инвестиција од 50 милиони долари од дубајскиот државен оператор на пристанишни терминали, DP World, а месец подоцна објави дека Дубаи ќе биде пилот градот каде ќе се изгради првиот систем што ќе биде пуштен во употреба, што ќе го поврзува Дубаи со Абу Даби за 12 минути, а со саудиската престолнина Ријад за 48 минути.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×