Рид Хофман: Лесно е да сте постојано контраш. Тешко е да сте контраш и да сте во право
Објавено на од во ЛИДЕРСТВО

Hofman Garet WEB 952Рид Хофман
ко-основач на LinkedIn

Рид Герет Хофман е американски интернет претприемач, венчр капиталист и автор. Еден е од основачите и први директори во  PayPal, електронскиот сервис за плаќање и трансфер на пари, а потоаи на  LinkedIn, најдобрата онлајн  мрежа за поврзување на професионалци денес.  Уделите во овие компании по нивните продажби или берзански котации  му овозможија големо лично богатство, што според Forbes се проценува на околу 2,5 милијарди долари. Добар дел од своите пари тој ги има инвестирано во бројни стартапи, меѓу кои најпознатите се AirBn, Flickr и др.   

 

“Претприемач е некој што ќе скокне во провалија  и ќе состави авион додека паѓа надолу.”
“Оној што е пасиониран за својата работа ќе биде поуспешен од некој мотивиран само од парите”.

“Запомнете, ако вие не го најдете ризикот, тој ќе ве најде вас.”

“Најбрзиот начин да се промените себеси е да се дружите со луѓе што веќе се такви какви што вие сакате да бидете.”

“Подобро е да почнете бизнис во време на криза, одошто кога економијата цвета: полесно ќе најдете вработени, партнери, а  конкуренцијата ќе ви дојде подоцна.”

“Лесно е да сте постојано контраш. Тешко е да сте контраш и да сте во право.”

“Добрите  прилики речиси никогаш не се вклопуваат во вашата агенда.”

“Иронично, во свет што толку брзо се менува, да играте на сигурно е една од најризичните работи за вас. “

 

 

 

 

[/freetext]

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×