Rimac automobili во 2015 речиси ги утроила приходите
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

За претприемачот и иноватор Мате Римац 2015 година била одлична, во која неговата компанија Rimac automobili безмалку ги утроила приходите од 19,7 милиони куни на 29,7 милиони куни (околу 4 милиони евра), значајно го зголемила бројот на вработени, и остварила тројно поголема добивка – од 620.000 куни во 2014, на 1,9 милиони куни (околу 250 илјади евра) во 2015 година.

Освен што добро работи, компанијата на Мате Римац е и во одлично финансиско здравје. Вкупниот капитал од 57 милиони куни (околу 7,6 милиони евра) е двојно поголем од обврските. На сметката на Rimac automobili има и 8,7 милиони куни (1,1 милион евра) подготвени за нови инвестиции.

Во 2015 година компанијата jа зголемила бројката на вработени од 30 во 2014 година, на 80, а моменталниот број е околу 150.

Rimac Automobili е хрватска компанија за производство на врвни електрични возила основана 2009 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×