Римац со фабрика во Кина го напаѓа најголемиот пазар на светот за е-возила
Објавено на од во hi-tech & business

rimac-autoХрватска ко-инвестиција во Кина вредна 135 милиони евра

Во Кина месечно се произведуваат 110-130 илјади електрични возила, а со планот на тамошните власти за целосен премин на погон на струја, побарувачката за електрични мотори, батерии и други системи што се вградуваат во нив ќе се зголеми за околу 20 пати. Rimac Automobili и нивниот азиски партнер Camel Group се договорија до крајот на 2018 година во Кина да изградат фабрика за електрични мотори и батерии, вредна околу 135 милиони евра

Додека погледите на љубителите на автомобили беа вперени во Женева, врз новиот електричен супер-автомобил C_Two, основачот на Rimac Automobili, Мате Римац, го склучи бизнисот на кариерата со својот водечки акционер од Азија.

Rimac Automobili и Camel Group се договорија до крајот на 2018 година во Кина да изградат фабрика за електрични мотори и батерии, вредна околу 135 милиони евра. Мате Римац оцени дека се работи за многу важен бизнис исчекор за компанијата, бидејќи новата фабрика ќе биде насочена исклучиво кон кинескиот пазар.

„Кина ни е важна, бидејќи претставува најголем пазар на светот за електрични автомобили, автобуси, камиони и други превозни средства, и бележи најголем раст“, изјави Римац.

Кина, според здружението на производители на возила CAAM (China аssociation оf аutomoblie мanufacturers), месечно произведува 2-3 милиони возила, од кои 5% се е-возила. Од Rimac Automobili велат дека планот на кинеските власти е целосен премин на електрични возила. Тоа значи дека побарувачката за електрични мотори, батерии и други системи што се вградуваат во е-возилата, а што им требаат на тамошните производители, во наредниот период ќе се зголеми за околу 20 пати.

Засега, според податоците на CAAM, во Кина месечно се произведуваат од 110 илјади до 130 илјади е-возила, а фабриката за мотори и батерии што ја градат Rimac Automobili и Camel Group, за почеток ќе има годишен капацитет од 50 илјади единици.

„Кина стратешки се определи кон електричните возила, и веќе денес има во план транспортот целосно да го префрли на електричен погон, па направивме исклучок за кинескиот пазар. Компанијата Rimac Automobili развојот и производството за сите останати светски пазари го задржува во Хрватска“, истакнува Римац.

Според него, условите за новиот бизнис со Кинезите се исклучителни. Веројатно ова е од старт најисплатлива и најпотентна хрватска инвестиција во Кина. Вкупната инвестиција во новата фабрика е 158,2 милиони долари, во кои Rimac Automobili учествуваат со 5 милиони евра, како и со знаењето и технологијата. Остатокот го вложува Camel. Rimac Automobili ќе има 40% удел во новата фабрика што ќе се вика Zhongke Luo Rui Technology Co.

Од Camel Group потврдуваат дека ќе целат исклучиво на кинескиот пазар. Фабриката ќе се гради во градот Сиангјанг, во централната кинеска покраина Хубеј, што се наоѓа на одлична позиција за целта. Оддалеченоста од неа до трите најважни економски точки – Пекинг, Шангај и Хонгконг – е еднаква и изнесува илјада километри. На поширокото подрачје на градот живеат пет и пол милиони луѓе. Сиангјанг забрзано работи на изградба на Град на нови енергетски возила. Тоа довело триесетина центри за истражување и за развој во автомобилската индустрија, како и скоро 800 поголеми инвестиции.

Според податоците на градската власт во Сиангјанг, во последните пет години на подрачјето на градот се реализирани инвестиции вредни 400 милијарди јуани (околу 51 милијарди евра).Хрватските медиуми потенцираат дека се работи за сума (што како инвестиција влегла во помалку познатиот кинески град) што е двојно поголема од инвестициите што влегле во цела Хрватска од нејзиното основање до денес.

Поради ваквата математика Римац нагласува дека главниот фокус на кинескиот пазар е на големи серии и на многу конкурентни цени.

„Од друга страна, главниот фокус на Rimac Automobili остануваат погонските и батериските системи со високи перформанси, и помали серии за европските премиум произведувачи“.

Кинескиот партнер, Camel Group, е најголем производител на батерии во Азија. Компанијата при крајот на 2017 година во Rimac Automobili вложи 30 милиони евра, со што стана втор најголем акционер. Набрзо потоа Мате Римац го објави новиот модел C_Two, првиот комерцијално достапен личен автомобил со поддршка за автономно возење од нивото 4. C_Two се продава по цена од 1,7 милиони евра, а Римац планира да продаде 150, па јасно е дека цели на приход поголем од 250 милиони евра само од продажбата на овој модел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×