РКЕ домаќин на Генерално собрание на енергетските регулаторни тела од регионот
Објавено на од во Економија
На Генералното собрание ќе присуствуваат претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски и претседателот на Претседателството на ERRA, Март Отс.
РКЕРегулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска и утре ќе биде домаќин на Генералното собрание и на состаноците на Комитетот за цени и тарифи и Комитетот за лиценцирање и конкурентност на Регионалната асоцијација на енергетските регулатори (ЕРРА).
ЕРРА, со седиште во Будимпешта, е стручна асоцијација на независни регулаторни тела на земји од Европа, Азија, Африка, земји од Блискиот Исток, како и јужна и северна Америка. Главната цел на Асоцијацијата е да ја зголеми размената на информации и искуства од областа на енергетиката меѓу своите членки, да ја подобри соработката меѓу енергетските регулатори, да ја подобри  националната енергетска регулатива во земјите-членки  и да го прошири пристапот до регулаторното искуство во областа на енергетиката ширум светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×