Роберт Береш, Империал Тобако: Лидери сме на пазарот – тоа е успех, но и одговорност
Објавено на од во Интервју
Роберт Береш е неколку месеци на челната позиција на Империал Тобако за Јужен Балкан, најголемиот производител на цигари во земјава, компанија која остварува преку 55 милиони евра приходи годишно. Разговаравме со него за тоа каков предизвик е задржувањето на лидерската позиција на пазарот, кои се актуелните новитети во нивното производство, придонесот на компанијата во македонската економија, како и плановите за иден развој.

 

 

 

-Г-не Береш, како ја оценувате  минатата  година во поглед на остварените резултати и реализирање на зацртаните цели на Империал Тобако во Македонија?

Како една од 4-те најголеми тутунски компании во светот ние сме горди на нашите успеси и резултати во Македонија. Сметам дека Империал Тобако во Македонија има направено многу во изминатава деценија и сосема заслужено е бр.1 тутунска компанија на пазарот. Особено е значајно да потенцираме дека нашите резултати сиве овие години се плод на взаемната изградена доверба со нашите потрошувачи.

Ние сме интернационална компанија со препознатливи брендови и карактеристики , а  македонските потрошувачи јасно го дефинираа нашето место на пазарот и тоа за нас е од клучно значење.

Што се однесува до нашите цели и резултати за 2014 година , да,  тие се целосно  остварени , а ние остануваме посветени на довербата и резултатите и во оваа, 2015 година.

-Колкав е уделот на брендовите на Империал Тобако на македонскиот пазар и кој од тие брендови се произведуваат во Македонија ?

Според интерните компаниски податоци ,  уделот на нашите брендови на македонскиот пазар е нешто помал од 70%. Овие резултати  се потврда на позицијата бр.1 на Империал Тобако на македонскиот пазар но истовремено претставуваат голема обврска и одговорност за нашиот тим. Во бизнисот  најголем предизвик  е да останете на врвот и затоа  ние посветено работиме да продолжиме да ја потврдуваме довербата на нашите потрошувачи. Нивната лојалност за нас е императив. Пример за тоа е нашиот бренд Родео. Годинава одбележуваме  значаен јубилеј на македонскиот пазар, а тоа е 15 години на Родео, бр.1 и најпродаван бренд цигари во земјава.

Што се однесува до македонското производство,  горди сме што значаен дел од нашите брендови се произведуваат во  Македонија: Rodeo,  Boss, Classic, F-57, Vardar, West, Style и P&S.

Се разбира тука се и нашите увезени  премиум  брендови Gauloises и  Davidoff кои имаат своја приказна во Македонија.

 

 - Колкaво е вкупното производство на Империал Тобако во Македонија и колкав процент од тоа се извезува?

 

Рангирањето на Империал Тобако во македонскиот бизнис меѓу ТОП 15 најголеми и  најуспешникомпании,  а истовремено  и меѓу  најголемите  извозници  е само потврда  за  нашата значајна улога и би рекол придонес  во македонската економија.
Нашето производство во Македонија во 2014 година изнесува околу пет милијарди цигари . Околу 40% од производство минатата година беше наменето за извоз,  а останатите 60% од производството беа наменети за македонскиот пазар. Во делот на извозот е особено значајно да потенцираме дека Империал Тобако од Македонија извезува на седум пазари во регионот меѓу кои  две земји членки на ЕУ: Хрватска и Словенија како,  и земјите членки на ЦЕФТА: Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

 

Imperial Tobako3

 

Лојалноста на потрошувачите е наш императив.  Пример за тоа е нашиот бренд Родео. Годинава одбележуваме  значаен јубилеј на македонскиот пазар, а тоа е 15 години на Родео, бр.1 и најпродаван бренд цигари во Македонија.

 

 

-Колку ненајавената одлука на Владата да ја зголеми акцизата за цигарите од 1 јануари ќе има последици врз продажбата на цигарите? Каква стратегија подготвува компанијата во пресрет на поскапувањата што ќе следат и понатаму согласно календарот за покачување на акцизата?

 

Како најголемата тутунска компанија на македонскиот пазар и оттаму голем чинител во прашањата поврзани со  акцизата,  ги разбираме целите кои се поставени за зголемување на државните приходи за буџетот доколку тоа не влијае врз пазарот на платени даноци на значајно негативен начин; тоа е трошок  врз сите пушачи на сличен и фер начин и не ја нарушува конкурентната ситуација на македонскиот пазар за тутун. Сепак, меѓународното искуство покажува дека острото покачување на цените додека истовремено се одржува приходот на исто ниво доведува до развој на нелегалниот пазар, намалување во легалната индустрија и намалување на даночните приходи во буџетот.

 

-Надоврзано на ова: како ја коментирате генерално бизнис климата во Македонија? Сведоци сме дека регулатива сепочесто се донесува по скратена постапка, без претходна дебата на засегнатите страни и сл. Како сето ова влијае врз работењето конкретно на Империал Тобако ТКС?

 

Како меѓународна  компанија присутна во Македонија повеќе од една деценија,  секогаш ќе поддржуваме транспарентни политики за подобрување на бизнис климата. Тоа за нас значи подобри услови за бизнис. Од она што можам да го заклучам по неколку месеци престој во Македонија, овде има напредок во развојот и унапредување на бизнис климата,  но се разбира секогаш може повеќе и подобро. Ние како компанија сме директно вклучени во работењето на Советот за странски инвеститори во Македонија и сите наши сугестии и ставови ги изнесуваме отворено во овој совет и во Стопанската Комора на Македонија. Во некои области од регулативата има значајни резултати . Се разбира очекуваме и се надеваме на уште поголема транспарентност во креирањето на бизнис регулативата,  бидејќи тоа е обостран интерес за бизнисот и државата.

 

-Колкави се досегашните инвестиции на Империал Тобако во Македонија? Како дел од една голема меѓународна корпорација, во колкав обем се запазени стандардите на компанијата – мајка во ТКС?

 

Империал Тобако е една од интернационалните компаниите со најдолг стаж на странски инвеститор во Македонија, повеќе од една деценија. Во нашето производство и бизнис во Македонија ние имаме инвестирано околу 30 милиони евра. Најголемиот дел од овие инвестиции се во технологија, стандарди и луѓе. Нашето производство во Македонија денес е на технолошко ниво на производството во Германија,  и тоа е најголемиот доказ за нашиот сериозен пристап во бизнисот во Македонија.

 

 

 

Imperial Tobako2

Во  Македонија во 2014 година произведовме  околу пет милијарди цигари. Околу 40% од производство минатата година беше наменето за извоз.

 

-Колку македонски тутун купува Империал Тобако просечно изминативе години од Македонија ?

Ова е едно клучните прашања кога зборуваме за нашиот придонес  и значењето на нашата компанија за македонската економија генерално . Македонија е земја на тутунот и тутунската  индустријата има огромен придонес во економијата на земјата. Тоа мора да се земе предвид . Империал Тобако во просек купува околу 3.000 тони ориентален тутун  годишно од Македонија за потребите на групацијата. Значи, освен производството и извозот,  ние традиционално како компанија купуваме и ориентален тутун произведен во Македонија.

-Тутунската индустрија генерално има не баш позитивен имиџ во светската јавност – последниве децении соочена е со силно регулирање, строги ограничувања во дел на маркетингот, дозволени места за пушење и сл. Па, судски  процеси што неретко завршуваат на штета на компаниите, континуирано покачување на акцизите… Како сето тоа се одразува на работењето на Империјал Тобако, следствено и на нејзината македонска подружница? Како тутунските компании се прилагодуваат во околности на сe’ поотежнати услови за работење?

 

Ние сме одговорна, легитимна компанија. Ги поддржуваме регулативите за тутунот кои што се разумни, пропорционални и базирани на докази. Не сакаме да прифатиме регулативи кои се со грешки, неразумни или непропорционални, или регулативи кои не се со законска основа. Веруваме дека одлуката да се ужива во тутунски производи е избор за возрасни. Не сакаме децата да пушат или да користат тутунски производи. Поддржуваме казни за трговци на мало кои продаваат тутунски производи на деца. Го почитуваме нашиот Меѓународен стандард за маркетинг. Исто така, ги поддржуваме владите и малопродажниот тренд со повеќе програми наменети да обесхрабруваат продажба на тутунски производи на деца.

-Колкав е обемот на иновации и новитети во производството на цигари и дали Во Македонија е присустен тој тренд?

 

Иновативните производи се доказ за развојната компонента на бизнисот.Во нашето портфолио на производи иновациите во производите се секогаш тренд на движење.

Во изминатата година,  тренд  на македонскиот пазар е QS новиот формат на цигара и пакување. Овој сегмент има вистинска експанзија а ние сме веќе присутни со два бренда во истиот (Davidoff  и West). Исто така GT –Glide tech е иновација во пакувањето или поконкретно системот на отворање на пакувањето на цигарите, што пак е патент на Империал Тобако и единствена од ваков тип во светот. Ова пакување на нашите производи овозможува отворање на кутијата со една рака. Носител на ова иновативно решение на македонскиот пазар е нашиот најголем интернационален  бренд Wеst. Кога зборуваме за новитети во технологијата и стандардите на производство овде сме неприкосновени лидери на македонскиот пазар во делот на нови технолигии и стандарди.

Ние особено инвестираме во делот на сузбивање на  нелегалната трговија со тутунски производи што беше значаен дел и од нашата голема инвестиција во Македонија во 2012 година.

Тоа е познатиот Track & Trace  систем за следливост на тутунски производи кој во Македонија го имплементиравме за првпат во 2012 година.

Imperial Tobako1

GT –Glide tech е иновација на Империал Тобако на светско ниво,  која овозможува отворање на кутијата со една рака. Носител на ова

иновативно решение на македонскиот пазар е нашиот најголем интернационален  бренд West.

 

 

 

 

 

 

-Со оглед дека сте повеќекратни добитници на признанија во делот на стандардите  безбедност и здравје при работа, како и награди  во категоријата  најдобри работодавачи, објаснете ни на што се должи тоа? Кои се клучните карактеристики на Империал Тобако ТКС  како општествено-одговорна компанија во делот на односот кон своите вработени?

 

Империал Тобако верува дека една  од најголемите и најзначајни вредности во бизнисот се човечките ресурси. Развојот на човечките ресурси во нашата компанија е континуиран,  а стандардите за безбедност и здравје при работа и условите за работа се на највисоко ниво. Затоа нашата компанија повеќе години е лидер во практиките и стандардите за безбедност и здравје при работа во Македонија. Добитници сме на повеќе национални признанија и нашиот имиџ останува неприкосновен како еден од најдобрите работодавачи. Особено сме горди на овие признанија и како општествено одговорна компанија остануваме фокусирани пред се’ на нашите вработени.

 

  -Каков е вашиот  придонес во делот на грижа за пошироката заедница?

 

Ние сме  компанија која своите политики за општествена одговорност ги креира и планира глобално. За таа цел е формирана Фондацијата Алтадис  со седиште во Шпанија,  која секоја година поддржува различни проекти за придонес и помош во заедницата ширум светот.

Ние сме особено задоволни што минатата година во заеднички проект со нашата Фондација Алтадис и невладината организација ЦИРА од Македонија вложивме 25 илјади евра во заедничкиот проект „Градиме подобра иднина„. Овие средства беа наменети за помош на ранлива категорија грагани поранешни штитеници на домот за деца без родители во Скопје, 11 Октомври. Тие по својата 18 година и полнолетсво го напуштаат домот и почнуваат сопствен живот. Во рамки овој  проект  ние вложивме во реновирање на нивните домови и покукнина со цел да им го олесниме нивниот самостоен живот. Нашите активности за општествена одговорност во Македонија ќе продолжат и оваа година.

 

-Вие сте неколку месеци официјално  на позицијата маркет менаџер на Империал  Тобако за Јужен Балкан со седиште во Македонија, кои се вашите впечатоци за земјата генерално?

 

Впечатоците се прекрасни. Македонија е убава земја иако мислам дека ми е неопходно повеќе слободно време да ја истражам. Луѓето се љубезни,  а бидејќи сум Словак не ми е тешко да ги разберам. Тоа е мојата предност. Мислам дека имам уште многу да научам за Македонија .

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×