Роботите може да ги заменат луѓето на 20 милиони работни места наредниве 10 години
Објавено на од во hi-tech & business
Роботите би можеле да ги заменат луѓето на 20 милиони работни места во светската индустрија до 2030 година, со што може да се влоши состојбата околу општествената и географската нееднаквост, но и тоа позитивно да влијае на економскиот раст.
robot-automatisation-travail-e78ad1-0@1xНајмногу ќе бидат погодени работните места со најмалку квалификации, и тоа на нерамномерен начин во однос на земјите и внатре, во самите држави, стои во анализа на Оксфорд економикс.
Роботите веќе имаат заземено неколку милиони работни места, а тој тренд напредува во сѐ поголем број области благодарејќи на развојот на технологијата и вештачката интелигенција, сметаат британските аналитичари. А некои професии пак, поради модернизацијата, биле укинати како застарени, што претставува нормален и „природен“ општествен развој.
Роботизацијата ќе влијае на зголемувањето на продуктивноста и на економскиот раст, па така, светската еономија би можела да има заработка и до пет трилиони долари до 2030 година.
Работните места што бараат „сочувство, креативност и рационална интелигенција” ќе останат во рацете на луѓето уште децении, додека пак, роботите ќе бидат повеќе присутни во трговијата, здравството, угостителството, транспортот и земјоделството, се вели во извештајот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×