Роглиќ: Не може политички паразити да водат компании, потребна е реформа на администрацијата!
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ROGLICНеделава во Хрватска се одржа расправа на тема Како новата Влада може да го поттикне сопанствотона која еден од најуспешните хрватски бизнисмени Бранко Роглиќ, кој е сопственик на Orbico една од најголемите дистрибутерски компании во Европа, предложи многу добар предлог. Според Капитал ова би бил многу ефикасен предлог и во случајот на Македонија кога се во прашање новите политики кои треба да ги превземе новата влада после изборите на 11 декември.

Треба да се влезе во борба со администрацијата, да се влезе во реструктуирање на државната админстрација и намалување на бројот на општини. Не може политички паразити да водат компании. На светско ниво, каде конкуренцијата е немилосрдна, на чело на компаниите треба да имаме врвни експерти, кои дури и не мора секогаш да се од нашата држава. Во светот никој не ве толерира за ништо. Ако не произведувате производ кој по цена и квалитет не е конкуренетен, ќе ги изгубите профитот и работните места. Синдикатите заедно со бизнисот треба да работат на подобрување на конкурентноста на компаниите, смета Роглиќ.

Тој и порача на власта дека бизнисмените очекуваат даночна реформа, но пред таа да се спроведе мора сите да знаат дека даноците мора да се плаќаат и наплатуваат.
Само две работи на светот мора да се нправат – да се умре и да се плати данок. Оние кои го избегнуваат плаќањето на даноци треба да одат во затвор, смета Роглиќ.

Како една од мерките кои би можеле да ја придват хрватската економија, Роглиќ смета дека е потребно да се ревитализира селото и да земјоделците да им се овозможат сите услови за да ги произведуваат производите кои имаат конкурентка предност.
Роглиќ потенцира дека работењето во Хрватска  е се уште многу ризично и дека новата власт има многу работа за да ја воспостави рамнотежата помеѓу економијата и јавната потрошувачка, која е веќе подолго време нарушена.

Инаку, хрватската компанија Orbico е водечки дистрибутер на производи за широка потрошувачка во Европа, која поседува 20 компании во 18 земји. Има приходи од една милијарда евра, а целта е до 2017 година приходите да достигнат 2 милијарди евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×