Ројтерс предвидува уште потешка 2016 година
Објавено на од во Политика

Годината што изминува, според сите параметри за Европската унија беше „како пекол“, но следната година може да биде уште полоша доколку Британија гласа за излезе од Унијата, се вели во анализата на агенцијата Ројтерс.

Геополитичката позиција на Стариот континент не беше вака потресена уште од падот на Берлинскиот ѕид и општиот пад на комунизмот во источна Европа во 1989 година, вели британската агенција и додава дека за разлика од крајот на 20 век, кога потресите и одеа во корист на ЕУ и ја зајакнаа нејзината позиција, кризата од 2015 година се заканува дека ќе го направи сосема спротивното -  ќе направи раздор во Унијата и ќе остави модринки, од сегашни и новите бариери.

Падот на железната завеса доведе до создавање на единствена европска валута, а после 15 години и до проширување на НАТО на истокот се до Русија, Украина и Белорусија. Со тоа на некој начин се потврдија предвидувањата на Жан Моне, првиот претседател на Европската заедница за јаглен и челик, кој рече дека само обединета Европа ќе ја надмини таа криза.

Но овогодинешните „политички и економски шокови“ попратени со приливот на беглаците, грчкиот долг, насилството на исламистите и руските воени акции, доведоа до одново воведување на граничните контроли во многу земји, зајакнување на десницата и атниевропските политички сили.

Жан Клод Јункер, претседателот на Европската комисија предупреди дека шенгенската зона е загрозена и дека еврото најверојатно не би преживеало ако внатрешните граници се спуштат.

Еден од проблемите кои најверојатно ќе се продлабочат следната година е тоа што главните европски лидери се политички слаби и преокупирани со проблемите во своите земји што не се во можност да ја покренат потребната колективна акција, наведува Ројтерс.

Британија се повеќе тежнее за излез од Унијата, и очигледно не сака да се исполнат условите кои официјален Лондон ги постави како клучни точки во преговорите со ЕУ за нивно останување во заедницата. Доколку втората најголема економска и воена сила во Европа (Британија)  прва го напушти ЕУ бродот, тоа ќе биде силен и болен удар кој ќе одекне во светски рамки.

„Брегзит“ би можел да покрене барања за одржување референдум и во другите земји – од Полска до Данска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×