Романија европски шампион со економски раст од 5,8% во првото полугодие
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

RomanijaРоманските власти објавија дека во првата половина од годинава економијата остварила раст од 5,8%, а буџетскиот дефицит во истиот период изнесувал 2,96%.

Растот во вториот квартал изнесуваше 5,9%, што е забрзување по растот од 5,7% во првиот квартал годинава.

Романија е европски шампион со раст од 5,9% во вториот квартал, покажуваат податоците на Еуростат. Втор најголем раст имаше Латвија со раст од 4,8% и Чешка со раст на економијата од 4,5%.

Романскиот министер за финансии Јонуц Миша посочи дека зголемувањето на бруто домашниот производ за 5,8% се должи на потрошувачката, инвестициите и извозот.

Индустрискиот сектор на Романија во првата половина пораснал за 7,7%, додека крајната потрошувачка на домаќинствата пораснала за 6,9%, додека извозот е зголемен за 9,5%.

Во 2016 година економијата на Романија порасна за 4,8%, додека романските власти очекуваат економијата годинава да порасте за 5,2%.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×