Романија им наложи на големите супермаркети да продаваат најмалку 51% домашна храна
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
supermarket-WEBРоманските пратеници изгласаа закон со кој на големите трговски маркети со годишен обрт од над 2 милиони евра им наложува 51% од храната која ја продаваат да биде домашно произведена. Маркетите реагираат дека овој закон ги поткопува принципите на современата трговија, ги лишува потрошувачите од избор и ќе доведе до поскапување на цените.

 

Романскиот парламент го усвои законот, според кој, 51% од прехранбените производи на супермаркетите треба да се произведени во земјата, односно од домашни производство. Тоа важи посебно за месото, јајцата, зеленчук и овошје, мед, млечни производи и леб.

Станува збор за воведување на принципот на т.н. краток ланец на доставки, кој ги фаворизира регионалните производители и преработувачки компании.

“Успеавме да ja завршиме работата по две години дебати по ова прашање. Задоволни сме од резултатите”, изјави пред гласањето во Парламентот, претседателот на аграрната комисија Нини Сапунару.
На властите останува да се одреди опфатот на терминот краток ланец на набавки во Романија.

 За прекршување на новите законски одредби се предвидени казни помеѓу 22.000 до 33.000 евра, а при повторен прекршок големите маркети ќе можат да бидат затворени до половина година.

Какви се санкциите?

Исклучок ќе бидат само зимските месеци, во кои зеленчукот, овошјето и некои други земјоделски производи ќе можат да учествуваат со 70% во понудата на маркетите.

За прекршување на новите законски одредби се предвидени казни помеѓу 100.000 и 150.000 леи (22.000 до 33.000 евра), а при повторен прекршок големите маркети ќе можат да бидат затворени до половина година.

Законот влегува на сила во текот на есента и ќе се однесува на почетокот само за трговските маркети со обрт над 2 милиони евра годишно. Учеството на меѓународните трговски ланци во Романија изнесува 55% од целиот пазар.

Пратеникот Марин Антон, иницијатор на законот тврди дека романските производители и потрошувачите ќе имаат полза од овој закон.

Овој законски акт пак беше критикуван од здруженијата на сопственици на трговските ланци и досега неколку пати одложуван заради негодувањата од нивна страна.

Според Асоцијацијата на големите трговски ланци, Законот ги поткопува принципите на современата трговија, ги лишува потрошувачите од избор и ќе доведе до поскапување на цените.

Според пишувањата на романските медиуми, Комисијата за конкуренција не се спротивставила на предложениот закон бидејќи смета дека домашните производители можат да бидат поддржани, но се сомневала во ефективноста на мерката.

Секој Романец остава месечно на касите во хипермаркетите и супермаркетите во Романија околу 83 евра за прехранбени производи и производи за лични потреби поврзани со живеалиштето, или околу 21,6% од просечната плата во Романија која изнесува 385 евра.

За споредба, граѓаните на останатите членки на ЕУ трошат поголеми износи во маркетите, но тие се помал процент од просечната плата на Романците. Поголем процент од Романците од просечната плата за храна трошат само Бугарите, кои месечно во супермаркетите оставаат 108 евра или 30,9% од просечната плата.

Растечка економија

Бруто домашниот производ (БДП) на Романија во текот на првото тромесечје на 2016 година бил над 150 милијарди леи или 33 милијарди евра по тековни пазарни цени и бележи раст од 4,2% во споредба со првото тромесечје од 2015 година.

За растот придонеле сите сектори на економијата, а најголем е приносот на трговијата на големо и мали. Следуваат производство и поправка на автомобили и мотоцикли, транспорт и складирање, хотели и ресторани, информации и комуникации. Во споредба со четвртото тромесечје на 2015 година, БДП на Романија бележи раст од 1,6%.

Во пролетните економски прогнози на Европската комисија се предвидува романската економија годинава да порасне за 4,2%.

Факт: Секој Романец остава месечно на касите во хипермаркетите и супермаркетите во Романија околу 83 евра за прехранбени производи


Што мислат Романците за трговските маркети?

Романскиот пазар на трговија на мало е меѓу најдинамичните во Европската унија. Во текот на минатиот јули, на пример, растот на годишно ниво на овој сектор изнесувал 9,6%. При раст од 3,3% за целата Унија.

Најбрзо растат приходите од продажби на храна, безалкохолни пијалаци и тутунски производи, а како основна причина е намалувањето на ДДВ-то од 1 јуни 2015 година.
Истражувањето на INSCOP по порачка на Асоцијацијата за големите супермаркети AMRCR покажува дека Романците пазаруваат во големите трговски објекти и водечка причина за изборот на 75% од испитаниците е цената, а 70% сметаат дека хипермаркетите нудат поголем избор од поевтини производи. Сепак, над 66% продолжуваат да пазаруваат во локалните маркети, а над 45% и на пазарите. За 58% од испитаниците определувачка причина била колку е далеку маркетот од нивниот дом, а 65% сметаат дека големите маркети им заштедуваат пари.

Две третини од испитаните романски граѓани одговорите дела романските производи се со повисок квалитет од увозните производи, а за 27% увозните и домашните производи се со ист квалитет. За 29% од испитаните Романци, домашните производи се со повисока цена, а 40% сметаат дека цените на домашните и увозните производи имаат иста цена.
Запрашани што подразбираат под “романски производ”, над една третина или 36% одговориле да е направен по романски рецепт. За 27% тоа значи производот да се произведе во земјата, независно од каде идат суровините, името или брендот. Секој петти сметал дека името “романски производ” треба да се употребува само за традиционални производи.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×