Романија ќе финансира државни проекти со пари од осудени функционери и бизнисмени за корупција
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Romanija apsenje

Парите кои властите во Романија ги одземаат од осудените државни функционери се насочуваат кон финансирање  на државни проекти поврзани со образование, заштита на жртви, превенција на криминал и насилство и други проекти со општествено значење, јавува Balkan Insight.

Властите во Романија изјавија дека имаат за цел да соберат фонд од над 500 милиони евра од поранешни и сегашни државни функционери и бизнисмени , кои се осудени за кривични дела поврзани со корупција и давање на поткуп.

Раководителот на Националната агенција за управување со одземен имот вели првите 4,5 милиони евра веќе се насочени кон Министерството за образование, здравство, внатрешни работи и правосудство. Оваа сума е мала во споредба со вкупната вредност на замрзнатиот имот од обвинители во банки сметки во цела Романија, кои веќе надминуваат вредност од 156 милиони евра.

Во изминатите неколку години Романија покрена низа истраги и обвиненија против бројни политичари кои ја злоупотребиле службената должност и незаконски се стекнале со имот. Специјализираното обвинителство на чело со Лаура Ковеши ја издигна Романија високо на листата на земји кои успешно се борат против организираниот криминал.
Во следниот број на магазинот Капитал кој излегува во петок ќе можете да прочитате интервју со романската обвинителка Лаура Ковеши во кое таа зборува што е најпотребно за успешна борба против корупцијата и организиоаниот криминал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×