Романската Влада го „преживеа“ гласањето за недоверба
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Романската Влада предводена од социјалдемократи го преживеа гласањето за недоверба во Парламентот. Барањето за смена на Владата го поднесе опозицијата од партиите на десниот центар. Во тек на гласањето пратениците на владејачката коалиција се воздржаа од гласање. Тоа беше доволно за да не помине барањето на опозицијата, зашто социјалдемократите со своите коалициски партнери имаат околу 61% во Парламентот, а за да се изгласа недоверба на Владата на Сорин Гриндеану потребни беа 233 гласа, односно 50% од пратениците. Гриндеану пред гласањето побара пратениците „да ѝ веруваат на Владата“ и „да го одбијат барањето (за гласање недоверба)“.

Барањето го потпишаа 123 пратеници и во него наведоа дека „Романците не сакаат корумпираните политичари да бидат помилувани и заштитени во однос на правдата“. Ова се однесува на уредбата што Владата на Гриндеану ја усвои, па под притисок на масовните протести ја повлече, а истата ги ослабуваше антикорупциските закони во интерес на десетици политичари, меѓу кои главно на премиерот во сенка, лидерот на социјалдемократите, Ливиу Драгна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×