Романската Влада ја “разлабави” борбата со корупцијата за да го спаси премиерот во сенка, Драгна
Објавено на од во Профил

Romania-Liviu_Dragnea-jamnik WEBНајголеми протести во Романија од падот на Чаушеску

Една од главните промени во романскиот Кривичен кодекс е дека за злоупотреба на службената положба ќе се сметаат само случаите во кои штетата е поголема од 200.000 леи (44.000 евра). Во случајот на Драгна, кој поради пресуда немаше право да биде назначен за премиер, станува збор за штета проценета на 108.000 леи

 

Додека на 1 февруари во еден часот ноќе (рано наутро) Службениот весник на Романија ја објавуваше итната наредба на Владата што ќе ги прекине процесите против стотици корумпирани политичари, специјални сили ја чуваа зградата на весникот.

Наредбата беше огласена малку порано во тек на ноќта по седница на Владата, а претходно соодветна точка немаше на дневниот ред. Ова се случи и покрај двонеделните протести, најмасовни од 1989 година наваму, и откако министерот за правда изјави дека ваква, итна наредба нема да има, а предвидените промени ќе бидат проследени на разгледување во Парламентот.

Веднаш на улиците низ градовите во цела Романија излегоа 30.000 луѓе – центарот на Букурешт доживеа полноќно блокирање – 15.000 протестанти се собраа пред Владата.

Романските новинари коментираа дека се случиле „најлошата ноќ во романската демократија од 1989 година наваму“, „тоталитарен акт“; и оти „ова е диктат – следува диктатура“; и дека „Владата тукушто му објави војна на правосудството“.

Претходно, во тек на денот, беше одложено за на 14 февруари првото рочиште од случај против претседателот на Социјалдемократската партија, Ливиу Драгна. Тој веќе има двегодишна условна пресуда за друго дело – купување на гласови. Ако биде осуден и за второто, ќе треба да ги одлежи и двете казни. Единственото што може да го спаси е промена на законите.

Токму поради првата пресуда Драгна немаше право да биде назначен за премиер на државата (според досегашните закони), а остана премиер во сенка, кој води Влада составена главно од неговите најблиски соработници.

Една од главните промени во романскиот Кривичен кодекс е дека за злоупотреба на службената положба ќе се сметаат само случаите во кои штетата е поголема од 200.000 леи (44.000 евра). Во случајот со Драгна станува збор за штета проценета на 108.000 леи.

Во слична ситуација се наоѓаат уште стотици политичари, и тоа не само меѓу владејачките социјалдемократи: поранешниот министер за внатрешни работи, Габриел Опра – 86.000 леи штета; поранешниот министер за инфраструктура, Дан Шова – 124.000 леи; поранешниот градоначалник на општина во Букурешт, Кристиан Попеску Пиедоне – 86.000 леи.

profil-2 WEB

Итната наредба за промена на Кривичниот кодекс влегува во сила 10 дена по објавувањето во Службен весник, односно четири дена пред датумот за кога е одложено рочиштето против Драгна, кое сега, јасно е, нема да се одржи.

Владата овие измени не ги внесе во парламентарна процедура (иако во Парламентот имаат стабилно мнозинство), а едно од главните барања на луѓето кои протестираа беше пратениците да расправаат за измените.

Како делумно добра новина романскиот печат го прогласи тоа што другиот проект за кој имаше протести – оној за амнестија и помилување на веќе осудени за корупција, нема да биде пласиран во форма на итна наредба, туку прво ќе помине низ Парламентот.

Во средата Високиот судски совет на Романија гласаше да се реферира до Уставниот суд дека има потенцијален уставен конфликт меѓу државни институции. На средбата на високите судии учествуваше и романскиот претседател Клаус Јоханис. Претходната недела Високиот судски совет изрази „негативно мнение“ за плановите за промени на Кривичниот кодекс.

„Ја напуштам оваа средба задоволен што има можност да ја видам солидарноста меѓу судиите. Судската власт во државата е независна, и судиите се огорчени од начинот на кој Владата постапи со промените“, изјави Јоханис.

Повеќе високи судии, вклучително антикорупциската обвинителка Лаура Ковеши, се спротивставија на начинот на кој Владата ги прифати вонредните измени. Вакви сигнали доаѓаат и од Европската унија – во средата претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, објавија дека постигнувањата на Романија во борбата со корупцијата треба да бидат наградувани, а не отфрлени.

Претставници на ЕК потцртуваат дека ќе го следат процесот на промена на Кривичниот кодекс, и од тоа ќе зависи идната оценка на државата за механизмот за соработка и проверка.

Амбасадите на САД, на Канада, на Германија, на Франција, на Холандија и на Белгија објавија заедничка изјава во која изразуваат „длабока загриженост“ поради спорните измени што го „подриваат“ напредокот на Романија во борбата со корупцијата.

Во протестите од средата вечер, најмалку петмина се повредени, а 60 приведени. Романскиот министер за трговија, Флорин Жијану, поднесе оставка поради одлуката на Владата за декриминализација на злоупотребата на власта. Според проценките на полицијата, на протестот во средата само во Букурешт се собрале 100.000 демонстранти, кои бараа оставка од Владата.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×