Романската Влада „скришум“ одобри за злоупотреба на власт во затвор да се оди само ако штетата е поголема од 44.000 евра
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Романската Влада синоќа ги одобри спорните промени во кривичниот кодекс, што ќе им дадат можност на многу политичари да избегнат судски прогон.

„Го прифативме овој текст за да го усогласиме законодавството со одлуки на Уставниот суд“, изјави министерот за правда на Романија, Флорин Јордаке.

Указот што го немало на официјалниот дневен ред на Владата за вчерашниот ден влегува во сила веднаш по неговото објавување во службениот весник, без да помине низ Парламентот. Социјалдемократската Влада на премиерот Сорин Гриндјану, која е на власт помалку од месец, го предложи текстот пред десетина дена, предизвикувајќи силен бран од улични протести. Протестното движење може да се засили од ненадејното одобрување на текстот од страна на Владата.

Со указот се декриминализираат многу прекршувања на закони, и злоупотребата на власта станува казнива со затвор само ако причинетата штета е над 44.000 евра. Така лидерот на романските социјалдемократи, Ливиу Драгна, ќе ја избегне главната точка од обвиненијата против него во процесот што почна во вторникот за фиктивни назначувања. Обвинителите за ова дело пресметале штета од 24.000 евра.

Од друга страна, Владата му го предаде на Парламентот проектот за помилување на околу 2.500 затвореници, кои се осудени на пресуди со до пет години затворска казна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×