Романскиот министер за правда целосно стои зад спорните измени на законите за борба со корупцијата
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Романскиот министер за правда, Флорин Јордаке, нема да направи ниту чекор назад во однос на спорниот декрет што предвидува измени во кривичното законодавство со цел да се ограничи борбата со корупцијата, преземени за да бидат спасени стотици политичари – во прв ред Ливиу Драгна, премиерот во сенка, кој поради пресуда немаше право да биде избран за предводник на романската Влада.

Спорниот декрет за декриминализација на некои корупциски дела предизвика најмасовни протести во Романија од падот на Чаушеску.

Јордаке изјави дека ја презема целата одговорност за декретот.

„Имаше спротивставени мислења од граѓанското општество и земајќи ги предвид сите мислења „за“ и „против“ беа подготвени тие проекти“, посочи министерот.

Во врска со барањето на демонстрантите да се анулира декретот, Јордаке изјави: „Декретот во моментов е нападнат во Уставниот суд – дали од претседателот, дали од Високиот совет на судии, дали од јавниот обвинител. Уставниот суд може да одлучи дали е уставен или не“.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×