Романското СЈО заплени имот на поранешен премиер
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Виктор Понта е осомничен дека примил мито од кандидат за пратеник за да го стави на партиската листа која сигурно добива на изборите
Viktor Ponta

 

 

 

 

 

 

 

Романската Национална дирекција за борба против корупцијата (НДБК) заплени дел од имотот на поранешниот романски премиер Виктор Понта, во износ од 220.000 евра, во рамки на кривичниот процес што се води против него од страна на ова специјално обвинителство и неговата директорка Лаура Ковеши, јавуваат романските медиуми.

Понта е обвинет дека примил 220.000 евра мито  за да обезбеди дека политичарот Себастијан Гита ќе биде ставен на партиската кандидатска листа за пратеници на изборите во 2012 година.

Според романските медиуми, оваа заплена на имотот е спроведена на 12 октомври, кога Виктор Понта бил викнат на сослушување во канцелариите на НДБК во Плоешти и се однесува само на една куќа во негова сопственост, а не на друг негов имот или имот на Виктор Гита, против кого исто така се води истрага.

Виктор Понта, кој што е ставен под судски надзор за период од 60 дена, кривично се гони во овој случај за следниве дела: злоупотреба на влијание и авторитет со цел стекнување материјална корист за себе или други и учество во перење пари.

НДБК тврди дека Понта, како претседател на Социјал – демократската партија, го искористил својот авторитет за Себастијан Гита да биде назначен за кандидат во изборната единица каде што оваа партија би имала извесна победа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×