Роналдо и Ирина, “то су срца два“
Објавено на од во lifestyle
Тој може да си купи Ролс-Ројс од неделната плата и да ја заведе секоја згодна манененка на планетава. Таа има тело авион и може да заведе кој било богат фудбалер на планетава. Така си се најдоа. На фотосесија. Пуста убавина не одолеа на шармот. И еве веќе четири години како се неразделни. Кристијано Роналдо и Ирина Шајк, топ фудбалер и топ модел, се “разоткрија“ пред објективот на славниот моден фотограф Марио Тестино, во фотосесија за шпанското издание на Vogue. Фотографиите се од пред 5-6 месеци, но кому му е гајле за тоа, никогаш не е доцна за убавини. А ни доста од нив богами…
Screen-Shot-2014-12-01-at-8.59.10-PM

Кристијано Роналдо денес “тежи“ 250 милиони долари со основна плата од 40 милиони долари и 30 милиони од рекламни договори. Тој е најплатениот фудбалер во светот. Тој пораснал во сиромашно семејство, но одамна веќе рекол “збогум сиромаштијо“

Ирина Шајк е најпозната по нејзините фотосесии за Sports Illustrated. Со Кристијано се запознале на фотосесијата за рекламната кампања на Џорџо Армани во 2010 година и оттогаш се заедно и покрај тоа што Кристијано имаше дете со друга жена.

Ирина Шајк е најпозната по нејзините фотосесии за Sports Illustrated. Со Кристијано се запознале на фотосесијата за рекламната кампања на Џорџо Армани во 2010 година и оттогаш се заедно и покрај тоа што Кристијано имаше дете со друга жена.

Роналдо не е презиме на Кристијано, туку негово второ име, што татко му му го дал во чест на Роналд Реган, поранешниот американски претседател. Тој пред да стане политичар, бил доста успешен актер, еден од омилените на Кристијановиот татко.

Роналдо не е презиме на Кристијано, туку негово второ име, што татко му му го дал во чест на Роналд Реган, поранешниот американски претседател. Тој пред да стане политичар, бил доста успешен актер, еден од омилените на Кристијановиот татко.

Кога Кристијано имал 15 години му била откриена аритмија на срцето и докторите му советувале да не игра фудбал. По хируршката интервенција, тој целосно закрепнал и остатокот од приказната сите го знаеме.

Кога Кристијано имал 15 години му била откриена аритмија на срцето и докторите му советувале да не игра фудбал. По хируршката интервенција, тој целосно закрепнал и остатокот од приказната сите го знаеме.

И Ирина и Кристијано многу млади останале без своите татковци. Ирина имала 14, а Кристијано 20 години. Набрзо по смртта на татко му, Кристијано бил осомничен за силување извршено во Лондон и бил уапсен. Обвиненијата биле отфрлени заради недостиг на докази. Ирина Шајк се запишала на колеџ за маркетинг, но тоа и се видело здодевно, па се префрлила во козметичко училиште. Како тинејџерка била поканета на натпревар за убавина и станала мис на Чељабинск.

И Ирина и Кристијано многу млади останале без своите татковци. Ирина имала 14, а Кристијано 20 години.
Набрзо по смртта на татко му, Кристијано бил осомничен за силување извршено во Лондон и бил уапсен. Обвиненијата биле отфрлени заради недостиг на докази.
Ирина Шајк се запишала на колеџ за маркетинг, но тоа и се видело здодевно, па се префрлила во козметичко училиште. Како тинејџерка била поканета на натпревар за убавина и станала мис на Чељабинск.

Иако е една од најпознатите фото модели за долна облека, Ирина има кажано дека никогаш нема да позира за Плејбој... па така овие фотографии се нешто најразголено што веројатно ќе видите од неа.

Иако е една од најпознатите фото модели за долна облека, Ирина има кажано дека никогаш нема да позира за Плејбој… па така овие фотографии се нешто најразголено што веројатно ќе видите од неа.

 

Во 2006 година, Кристијано отвори модна продавница, CR7. Иницијалите се од неговото име и бројот на дресот што го носи. Брендот вклучува луксузни ремени, џинс, чевли, долна облека...

Во 2006 година, Кристијано отвори модна продавница, CR7. Иницијалите се од неговото име и бројот на дресот што го носи. Брендот вклучува луксузни ремени, џинс, чевли, долна облека…

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×