„Росатом“ е подготвен да ја изгради АЕЦ Белене во скратени рокови
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Русија „фрли око“ на АЕЦ Белене.

aec belene

Руската државна корпорација “Росатом” е подготвена да учествува во продолжувањето на изградбата на нуклеарката “Белене” рамноправно со другите претенденти и најави дека е способна да го заврши објектот во скратени рокови, изјави пред новинарите првиот заменик-шеф на владиниот апарат на Русија, Сергеј Приходко, во пресрет на посетата на рускиот премиер Дмитриј Медведев во Софија.

“Денес гледаме дека бугарската влада е поставена и конструктивна, и има намера да ја рестартира изградбата на нуклеарната централа” Белене”.

Руската компанија е подготвена да учествува во кнкуренција со други компании “, изјави Приходко. Според неговите зборови, Русија има “најдобри реактори на светот кои одговараат на највисоките барања за безбедност”, а “Росатом” е лидер во изградбата на атомски блокови.

“Главната технолошка опрема на нуклеарната „АЕЦ Белене“ веќе е произведена и се наоѓа во Бугарија. Руски специјалисти имаат завршено голем дел од дизајнот и лиценцирањето. Сето ова зборува во корист на фактот дека “Росатом” е во состојба да обезбеди завршување на станицата за кратко време и да дејствува како партнер во текот на животниот век на оваа АЕЦ “, истакна претставникот на кабинетот на министри на Русија.

Тој заклучи дека “штом во Софија ќе бидат донесени потребните одлуки, може да се пристапи кон предметни консултации, вклучувајќи го финансиско-економскиот модел на проектот и можните форми за неговата поддршка”.

Во 2006-та година “Атомстројекспорт” (дел од “Росатом”) веќе победи на меѓународниот тендер за изградба на два енергетски блока на оваа нуклеарна централа. На локалитетот во Белене беше доставена опрема, но во 2009-та година проектот беше запрен, а во март 2012 година Софија се откажа од изградбата на централата.

Во мај 2018 година, бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека земјата има намера да продолжи со изградбата на Белене. Бугарската страна истакна дека изборот на стратешки инвеститор ќе помине низ конкурентна постапка. Суштинските барања, за проектот да може да биде продолжен се, обезбедување на градежништво при пазарни услови, без државни гаранции и без гаранции за стекнување на електрична енергија генерирана од нуклеарката. При тоа, трошоците за изградба на станицата не смее да надминат 10 милијарди евра, а рокот на пуштање во работа е 10 години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×