Рош за 4,8 милијарди долари го купува американскиот стартап Spark
Објавено на од во Економија

Ова ќе им овозможи на швајцарската фармацевтска компанија да врши експерименти за генетска терапија.

spark-therapeutics

Швајцарската фармацевтска компанија Рош ја купува Spark Therapeutics со договор вреден 4,8 милијарди долари. Нејзината цел е да се здобие со водечка позиција во новите области на генетска терапија, пренесе Блумберг.

Во исто време, француската биотехнолошка компанија Ипсен ја објави својата одлука да се здобие со  Clementia Pharmaceuticals за 1,3 милијарди долари. Ова зборува за зголемениот интерес на фармацевтските компании во развојот на бизнисот во областа на ретки болести.

Стекнување на Spark, креаторот на техниката за лекување на ретината на очите Luxturna, е од суштинско значење за Roche, бидејќи на тој начин компанијата си пробива пат во областа на новите технологии. Сега таа ќе може да користи генетска терапија за лекување на болеста хемофилија.

“Договорот е пробив за Roche, бидејќи нејзината технологија дава пристап до единствената платформа на пазарот со докажано искуство во областа на генската терапија”, забележува во коментар аналитичарот на Vontobel Research Стефан Шнајдер.

Roche ќе плати 114.50 долари по акција за Spark што е 122% премија во однос на берзанската цена. Од швајцарската компанија изјавија дека предложената сума е за 19% повисока од вредноста на акцијата на Spark кои се тргува за малку над 90 долари во изминатата година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×