Ротшилд предвидува нова светска криза годинава
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Ситуацијата во светската економија и на берзите ќе се влошат годинава, а најтешко ќе им биде на земјите кои зависат од цените на суровини, предупредува еден од најмоќните луѓе во светот, Џејкоб Ротшилд, во писмото до клиентите на неговата компанија RIT Capital Partners.

Rotshild

Џејкоб Ротшилд

Во последниве неколку години земјите во развој се задолжувале во девизи и сега тие кредити им стигаат за наплата. Кредитите пораснаа заради раст на курсот на доларот, а ситуацијата дополнително им ја отежнува и падот на цените на суровините на светските пазари. Такви земји како Русија, Бразил, Нигерија, Казахстан, Украина ќе бидат во многу тешка положба“, вели Ротшилд.

Тој предвидува дека криза ќе има во целиот свет. Тој неговиот став го образложува со тоа што се уште не е извесно во која мера ќе успори кинеската економија, што ќе се случува со засега разочарувачкиот БДП на САД и Европската унија. Пккрај тоа на глобалната економија, според Ротшилд ќе влијае и кризата на Блискиот Исток и можноста за излез на Велика Британија од ЕУ.

 „Црните“ прогнози на Ротшилд ги потврдува и Дејвид Липтон, заменик директор на ММФ, кој смета дека се шири опасно мислење според кое креаторите на политиките низ целиот свет ги исрцпиле сите опции за поттикнување на економсиот раст или едноставно изгубиле волја.

Со цел да се зафатат во коштец со овие проблеми, светските лидери мораат, според него, да ги зголемат напорите, како и фискалните и монетарни поттикнувања, но дека мораат под итно да имплементираат структурни реформи за да дадат поддршка на растот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×