Рубини: Ќе нема реприза на економската криза од 2008 година
Објавено на од во Економија

Nuriel_RubiniПрофесорот Нуриел Рубини, кој уште го нарекуваат „Доктор на пропаста“ поради тоа што ја предвиде минатата светска криза (2007-2008), смета дека овој пат светот нема да се соочи со уште една таква криза. Барем, вели тој, тоа нема да биде така драматично како тогаш, оти како што тврди, светот не е во така лоша состојба како пред кризата која се случи пред неколку години.

„Ќе нема реприза на 2008 година. Нема да има толку голем финансиски крах како минатиот пат“, тврди Рубини во своето обраќање на Давос, но предупредува дека 2016 година ќе донесе ризик на кој набрзо мора да одговорат централните банки.

„Она што треба да се случи е Кина да стане поозбилна и да тргне со некои конкретни стуктурни реформи“, порачува Рубини.

Меѓутоа, тој, е загрижен за се поголемото влијание на паметната технологија.

„Расте нееднаквоста поради технологијата оти таа е во рацете на елитите кои купуваат и продаваат. Се штеди на работната сила, а со тоа се зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните“, рече Рубини.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×