Румен Радев е нов претседател на Бугарија – Бојко Борисов најави оставка
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Независниот кандидат за претседател на Бугарија, поддржан од опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП), Румен Радев, освои 59,35%од гласовите на вчерашните претседателски избори, соопшти утрово бугарската Централна изборна комисија врз основа на 99,33%преброени гласачки ливчиња.

Кандидатката на владејачката партија, Граѓани за европски развој на Бугарија, (ГЕРБ) и актуелен претседател на бугарскиот Парламент, Цецка Цачева, освоила 36,17%од гласовите.

Радев уште синоќа по објавувањето на првичните делумни резултати и излезните анкети кои укажуваа на негова победа, изјави дека „демократијата ги победи апатијата и најмногу стравот“. На прашањето дали ова е победа за Румен Радев или за БСП, тој рече дека тоа е „победа за бугарски народ“.

Цачева од своја страна го призна поразот на изборите и најави дека е подготвена да поднесе оставка на функцијата претседател на Собранието.

Во седиштето на ГЕРБ, во присуство на бугарскиот премиер Бојко Борисов и други членови на Владата, Цачева изјави дека не се чувствувала како „осамен играч“ во текот на кампањата, иако не добила „доволна поддршка од сопстевната партија“.

„Мој главен противник беа политичката апатија и популизмот“, порача Цачева.

Борисов исто така му ја честиташе победата на Радев и најави дека на првиот работен ден на Народното собрание, ќе поднесе оставка на неговата коалициска Влада

Како што јави БТА, тој рече дека во Бугарија „има нова политичка ситуација“ и оти е очигледно дека се создало ново мнозинство, кое ќе треба да формира нова влада.

Борисов се заложи и за свикување на Големо народно собрание, специјализирана законодавна институција во Бугарија, која има проширен состав во споредба со редовното Народно собрание и има ексклузивни права да решава за одреден круг прашања, вклучително и за промена на Уставот.

Тој оцени дека станало „јасно оти нешто не е во ред со актуелната политичка класа и со актуелниот начин на управување“.

„Многу луѓе се чувствуваат незадоволни… и јасно е дека над 3,5 милиони Бугари сакаат промени“, изјави Борисов, заложувајќи се меѓу другото и за намалување на бројот на пратениците во бугарскиот Парламент.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×