Румен Радев: Евроинтеграцијата на Северна Македонија да е според критериуми утврдени од Бугарија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
„Европската интеграција на Северна Македонија заостанува и треба да се направи според јасни критериуми што го штитат бугарскиот национален интерес“ рече претседателот Румен Радев по консултативната средба со премиерот Бојко Борисов, вицепремиерот Екатерина Захариева и претседателот на парламентот Цвета Карајанчева.
радев„Бугарија отсекогаш го поддржувала европскиот развој на Северна Македонија. Ние инициравме потпишување на Договорот за добрососедство и се надевавме дека проблемите со години ќе бидат решени, но тоа не се случи“, рече Радев.
„Недостатокот на специфични услови во договорот доведе до одложување на европската интеграција на Северна Македонија“, додаде тој.
Сспоред Радев,  однесувањето на Македонија во моментов создава неизвесност и недоверба, и според тоа Бугаријане треба да дозволува европска интеграција Македонија на штета на бугарската историја.Како знак на ова, Радев ги смета за вознемирувачки резултатите од работата на Мешовитиот комитет и однесувањето на политичарите кај нашиот сосед“
„Потребно е итно дејствување за национална позиција со јасни барања и критериуми за заштита на бугарскиот национален интерес, рече претседателот Радев.
Тој најави дека сите присутни на состанокот се согласиле да создадат услови што ќе бидат дел од процесот на преговори за членство на Северна Македонија.
„Овие критериуми мора да бидат дел од рамката за преговори и да станат предуслов за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Бугарската влада е посветена на формулирање на јасни крајни цели што треба да се постигнат пред склучувањето на преговорите со ЕУ, и исто така, и на посредничките цели со јасни одредници за секоја фаза на преговори со ЕУ “, објасни Радев.
Откако владата ќе ја подготви позицијата, таа ќе биде ратификувана од бугарскиот Парламент, истакна претседателот.
„Посебно внимание треба да се посвети на учебниците, наставните планови, натписите на спомениците и музеите, бидејќи тие гарантираат чиста историја, додаде претседателот. Важно е да се истакнат таканаречените црвени линии, кои треба да обезбедат европска интеграција на Северна Македонија, која нема да ја користи бугарската историја како монета“, истакна Радев.
Тој додаде дека ова треба да бидат јасни и отворени услови. Во случај на нивно неисполнување, следните фази на преговарачкиот процес не треба да бидат отпочнати. „Ова треба да биде јасно со почетокот на преговарачкиот процес за Северна Македонија“, рече тој.
„Ваквата фер и отворена позиција ќе биде во корист на Бугарија, на ЕУ – затоа што ќе донесе стабилност во регионот, а исто така и за Северна Македонија – одржливост на нејзиниот пристап кон Заедницата.
„На денешната средба, јас го поставив и прашањето за за воздушниот простор – во принцип имаме согласност дека бугарската влада ќе ги користи сите алатки во рамките на НАТО, така што ќе го преземе својот дел од одговорност. Исто така, имаме ресурси и можности да го сториме тоа“, рече Радев. Според него, Бугарија може да ја преземе „стражата“ за воздушна безбедност над Северна Македонија и тоа мора да го стори, затоа што, според него, ова ќе ја покаже уште еднаш одговорноста на Бугарија за стабилноста на балканскиот регион.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×