Руперт Мардок: Фејсбук да плаќа за содржините од „кредибилни“ медиуми
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Медиумскиот магнат Руперт Мардок го повика Фејсбук да им исплаќа средства на „доверливите“ медиумски куќи, слично на моделот што го користат кабелските компании.

„Издавачите на медиуми очигледно даваат додадена вредност и интегритет на Фејсбук преку своите информации и содржини, но за возврат не добиваат ништо“, изјави Мардок.

Неговата изјава доаѓа неколку дена откако основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, рече дека неговата социјална мрежа ќе ги приоритизира „доверливите“ вести на своите страници, идентификувајќи ги висококвалитетните извори и борејќи се со дезинформациите.

„Фејсбук и Гугл популаризираа навредливи извори на вести преку алгоритми што се профитабилни за платформите, но се инхерентно недоверливи“, изјави Мардок, првиот човек на Њус корп, корпорацијата во чија сопственост се освен низа австралиски, и медиуми како американските Волстрит журнал и Њујорк пост, и британските Сан и Тајмс.

Мардок вели дека корективните мерки што Фејсбук и Гугл засега ги предлагаат се „несоодветни – комерцијално, општествено и новинарски“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×