Руси го купуваат најголемиот законски производител на марихуана во САД
Објавено на од во Економија

Постои руска врска во купувањето на најголемиот законски производител на марихуана во САД, објави „Портланд тајмс“.

Young Marijuana Hemp Plants Agriculture Scene Recreational Drugs Cannabis Indica and SativaПретприемачот со руско потекло Борис Џордан и неговиот деловен партнер од Москва, Андреј Блох дале една милијарда долари за да ја купат компанијата Кура Канабис (Cura Cannabis) од Портланд во државата Орегон.

„Таа сума е рекордна. Зделката на векот може да им донесе големи приходи на новите сопственици. Активите на фирмата се околу четири милијарди долари, а бизнисот со консумирање марихуана има раст од 20 отсто годишно“, нагласува весникот.

Засега во САД ситуацијата со марихуаната е противречна. Во 22 од 50-те држави употребата на лесниот наркотик е дозволена. Во исто време марихуаната фигурира на федералниот список на забранети супстанци заедно со ЛСД , кокаин и хероин, наведува весникот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×