Русија бара алтернатива за американскиот долар
Објавено на од во Економија
Рускиот министер за економија Максим Орешкин изјави дека Русија размислува за воведување на еврото и рубљата како главни валути во извозот на енергенси.
1-Euro_vs_DollarТој рече дека Русија сака продажбата на нафта и бензин да ги врши во рубљи, бидејќи тоа ќе ја намали зависноста од американскиот долар.
„Веќе имаме многу добра валута, таа е стабилна. Зошто да не ја користиме за глобални трансакции?“, рече Орешкин во интервју за „Фајненшл тајмс“.
„ Главното прашање е да се избегнат преголемите трошоци од таквиот начин на деловно работење, но ако дизајнирате широки финансиски инфраструктури, ако почетните трошоци се ниски, тогаш зошто да не?“, вели Орешкин.
Русија се обидува да ја намали својата изложеност пред САД преку политика на „дедоларизација“ за да ги ублажи ефектите од американските санкции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×