Русија даде “зелено светло” за автопатот што ќе ги поврзува Европа и Кина
Објавено на од во Економија
Руската влада ја одобри изградбата на автопатот, кој драстично ќе го намали времето за испорака на стоки помеѓу Европа и Кина, пишува бизнис-весникот Ведомости.
Map-of-HighwayВо својот сегашен мандат, претседателот Владимир Путин следи амбициозен инфраструктурен план, вклучувајќи го и развојот на стратешки транспортен коридор помеѓу Западна Европа и Кина. Првиот дел од автопатот е веќе во изградба. Патот ќе ги поврзе Белорусија и Казахстан.
Моторот на проектот е поранешниот заменик-претседател на гасниот гигант “Газпром” Александар Р’јазанов. Според него, проектот ќе чини 594 милијарди рубли (9,3 милијарди долари). Инвестицијата ќе биде вратена преку патарини, а прогнозата за тоа да се случи е од 12 до 14 години.
газпром, веќе поседува околу 80% од земјиштето што е потребно за автопатот.
Трасата ќе биде долга 2.000 километри. Ќе започне од границата со Белорусија, каде што ќе се спои со постоечка врска.
Според Сергеј Санакоев, директор на руско-кинескиот аналитички центар, автопатот е економски оправдан, создава нови работни места и ги носи приходите за транзит во Русија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×