Русија е спремна да инвестира неколку милијарди евра во Хрватска, доколку земјата пројави интерес
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Трговската размена меѓу Русија и Хрватска во првите два месеци од оваа година се зголеми за 132% во однос на истиот период минатата година.
amb ru cro„Никој не може да инвестира во Хрватска колку Русија. Ниту ЕУ ниту САД. Хрватска треба да создаде предуслови за руските инвеститори, рече амбасадорот на Руската Федерација во Хрватска, Анвар Азимов, на економскиот форум Загреб-Москва.
На форумот, кој се одржа во рамките на манифестацијата “Денови на Москва во Загреб”, Азимов рече дека Русија е подготвена да инвестира неколку милијарди евра во Хрватска, но дека државата мора да покаже интерес и да се создадат предуслови за вакви инвестициии.
Тој посочи дека односите меѓу Хрватска и Русија се стабилни и пријателски. Воспоставениот политички дијалог и врски се во многу сегменти одлични, но меѓудржавната соработка не ги следи таквите добри односи, оценува Азимов.
“Бизнисот и економија ни куцкаат. Како амбасадор не сум задоволен. Исто така, јас не сум задоволен и со тоа што рускиот бизнис не ја препознава можноста што им се пружа во Хрватска”, изјави рускиот амбасадор.
Тој, исто така, рече дека, во согласност со неговата статистика, која не е во склад со локалната, Русија минатата година извезла храна и гас во вредност од 700 милиони евра и дека рускиот гас е најсоодветен за локалниот пазар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×