Русија е заинтересирана за обнова на целосните односи со ЕУ
Објавено на од во Политика

Русија е заинтересирана за обнова на целосните односи со Европската унија во името на поддршка на мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот заеднички континент, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за Кориере дела сера.

кремаљИнтервјуто е објавено денеска на денот на пристигнување во посета на Италија.

„Подготвени сме за конструктивни односи со сите политички сили што добиле мандат од европските избирачи“, додаде Путин.

Тој отфрли обвиненија за мешање на Русија во избирачкиот процес во ЕУ. Според него, тоа се обиди да се објаснат неубедливите резултати на некои политички сили на изборите за ЕП.

Рускиот лидер ги нарекува „врв на апсурдот“ обвиненијата дека Русија се мешала во американските избори.

Тој забележува дека санкциите против Москва воведени поради тие обвинувања се уште се на сила.

Во врска со личните планови, Путин вели дека е рано да се зборува за тоа со што ќе се занимава тој по завршувањето на мандатот како претседател во 2024 година.

– Ме чекаат уште пет години тешка работа. Во ваква динамика во светот, тешко е да се прават прогнози. Сега имам со што да се занимавам додека ја извршувам функцијата, додаде Путин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×