Русија го замрзнува производството на нафта
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека со нафтените компании е договорено производството на нафта ова година да не се зголемува односно да остане исто со јануарското ниво.

„Се сретнавме со управите на нашите нафтени компании. Постигнат е договор оваа година производството на нафта да го држиме на јануарското ниво“, рече Путин.

Путин додаде дека ќе продолжат разговорите со партнерите од странство за ограничување на производството на нафта заради стабилизација на цените.

Ваквиот потег на Русија доаѓа откако Саудиска Арабија,  Венецуела и Катар минатиот месец постигнаа договор за ограничување на производството на нафта, но под услов и другите производители тоа да го сторат, што Иран веднаш го отфрли.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×